Радовиш
РК Радовиш со нов тренер, Бошковски доаѓа на местото на Љупче Мијалов, кој си поднесе оставка
Објавено на
Од
Media Press
Како што дознаваме од раководството на РК Радовиш, македонскиот ракометен стручњак Андон Бошковски е новиот тренер на тимот на Радовиш, но ќе има помош и од Мијалов.
Радовишани, иако во изминатитот мериод донесоа неколку засилувања, неочекувано останаа без бодови на последните натпревари, па на местото на Љупче Мијалов доаѓа Бошковски со долгогодишно тренерско искуство.
Бошковски од вторник е во Радовиш а вчера го одржа првиот тренинг со радовишките ракометари. Своето деби во новиот клуб ќе го има в сабота против Тиквеш, а на клупата ќе му помага и досегашниот тренер Љупче Мијалов кој и понатаму останува во клубот.
Бошковск доаѓа од Голден Арт КЛ7 а во својата кариера го има предводено Работнички, а потоа работеше во Металург, Вардар, македонската репрезентација, една година работеше и во Романија, а две години беше селектор на Грузија.
Поврзани содржини

РК Радовиш, утре ќе биде домаќин на РК ВАРДАР Неготино

Утре, во СРЦ „25 мај“ во Радовиш, натпревар помеѓу РК Радовиш и РК Скопје

РК Радовиш ја започнува натпреварувачката сезона во Сабота, на домашен терен против екипата на РК Јуниор

РК Радовиш останува во Суперлигата со убедлива победа во баражот против прволигашот Шампион

Ракометарите на Радовиш ќе ги одмеруваат силите со Металург

Две победи на РК Радовиш во контролните натпревари против Тиквеш и Богданци
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

