Македонија
Спасовски: Оваа година Денот на Армијата, го славиме и како НАТО армија
Објавено на
Од
Media Press
Премиерот Оливер Спасовски со честитка по повод Денот на Армијата, во која потенцира дека годинава, 18-ти август, се слави и како армија која е рамноправен член и дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот НАТО
Премиерот Спасовски денеска присуствуваше на централната прослава на Денот на Армијата „18-ти август“ која се одржа на Воениот стадион во Градскиот парк.
Во честитката по тој повод премиерот Спасовски истакна дека оваа година, 18-ти август, Денот на Армијата, синонимот и чуварот на македонскиот суверенитет и државност, го славиме и како НАТО армија. Како армија која е рамноправен член и дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот.
„Членството во НАТО е резултат и заслуга на сите граѓани и на нивните политички претставници кои континуирано во изминатите три децении ѝ даваа поддршка на исполнувањето на оваа наша стратешка определба. Голем придонес дадоа сите денешни и поранешни припадници на Армијата. Армијата на нашата земја остана блиска и сплотена со својот народ и тоа го потврдува секое испитување на јавно мислење кое редовно покажува дека Армијата е меѓу институциите во кои граѓаните имаат највисока доверба“, потенцира во честитката Спасовски.
Тој акцентираше дека и во овој период на тешки околности заради пандемијата на КОВИД-19, припадниците на Армијата се со народот за да го помогнат спречувањето на ширење на коронавирусот. Се секаде каде што е потребна поддршка. На границите, во заразените подрачја, им помагаа на граѓаните во карантините, на загрозените семејства, го помагаа одржувањето на јавниот ред. Армијата докажа и спремност во помагањето и расчистувањето со елементарни непогоди, со поплавите во ресенско, со пожарите во велешко.
„. Како резултат на спроведените политики, во Армијата денеска платата и приходите на нејзините припадници се достоинствени. Денес војниците не се грижат за станбеното обезбедување и за дневници, туку за новите вежби од светски ранг кои ги планираат и вежбаат заедно со своите колеги од НАТО армиите. Ја подмладивме Армијата со дополнителни 700 припадници, дел војници, а дел млади офицери, и за прв пат во Законот за служба обезбедивме подеднакви услови за пензионирање како и за полицијата“, потенцира дел од достигнувањата премиерот Спасовски.
„На сите припадници на нашата Армија им го честитам Денот на Армијата и им посакувам да продолжат со посветената работа и со успех да го украсуваат сојузништвото со нашите сојузници во НАТО“, истакнува на крај премиерот Спасовски.
Поврзани содржини

Kривична пријава против поранешен министер за внатрешни за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите ветувајќи поништување на договорите со соседите, очекувам да го спроведат тоа

ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, осомничен за две убиства

Како дел од теренската активност на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ Спасовски беше во Општина Радовиш

Двајцата министри се договорија за мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари

Спасовски од Струмица: Годинава запленети 2.355 килограми марихуана на територија на СВР Струмица

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

