Connect with us

Македонија

Во Радовиш 10 активни случаи на Ковид-19, вкупно 47 во Југоисточниот регион

Media Press

Објавено на

Од направените 912 тестирања, вчера беа регистрирани 103 новозаболени од Ковид-19, оздравеле 187, а три лица починаа. Досега во земјава се направени вкупно 127 196 тестирања. Од почетокот на епидемијата се евидентирани 12 840 позитивни на Ковид-19, излекувани се 9361 лица, а починаа 547. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 2932.

Најмногу активни случаи се бележат во Скопје 953, во Куманово 298, во Гостивар 289, во Штип 260, во Струга 167, во Тетово 151, во Кичево 126, во Кавадарци 103, во Битола 74, во Дебар 67, во Охрид 66, во Свети Николе 61, во Македонски Брод 45, во Прилеп 40, во Демир Хисар 37, во Виница 36, во Кочани 29, во Велес 27, во Струмица 23, во  Пробиштип 17, во Гевгелија 13, во Неготино 12, во Радовиш 10, во Ресен седум, во Берово шест, во Крива Паланка пет, во Делчево има пет акивни случаи, во Пехчево два случаи, во Валандово, Кратово и Крушево има по еден активен случај.

На болничко лекување во моментов се 371 лице, од кои тројца се на респираторна машина.

По неколкумесечен прекин поради корона кризата, повторно се става во функцијата електронскиот систем МојТермин. Министерството за здравство соопшти дека преку МојТермин веќе може да се закажуваат прегледи и интервенции во септември. Јавните здравствени установи ќе вршат прегледи почитувајќи ги предвидените протоколи за работа.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе