Connect with us

Македонија

Проф.д-р Ванчо Чифлиганец прогласен за Личност за 2019 година од страна на новинарите од Истокот

Виолета | Media Press

Published

on

Во организација на новинарите од Источниот регион, во склоп на ЗНМ, беа доделени признанија на истакнати личности од бизнисот, спортот, културата, науката, образованието, личности кои особено придонeле за развојот на Источниот регион, на одржаната свеченост во хотел Аурора во Берово .

Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец беше избран за Личност за 2019 година.

„Кога ќе се рече проф.д-р Ванчо Чифлиганец, веднаш се мисли на личност чија судбина е да прави успех. Успех кој е од огромно значење за локалната, за регионалната заедница, за државата“, со овие зборови регионалниот центар на новинарите од Источна Македонија, во склоп на ЗНМ, на свеченост во Берово под наслов „Ноќ на источните оскари“, му додели признание на проф.д-р Ванчо Чифлиганец за личност за 2019 година, кој со своето дело придонел за афармација и подигнување на угледот на регионот на национално ниво.

„Верувам во својата држава и сакам да инвестирам и да создаваме добри дела, а признанијата само ја потврдуваат мојата заложба и посветеност. Искрено му се заблагодарувам на Здружението на новинари од Источниот регион што ми го доделија ова признание. Особено сум почестен што доаѓа од новинари од Источна Македонија, од каде што и јас потекнувам, каде што сум се изградил како личност и сум ги доживал првите големи успеси како стопанственик, најмлад директор на рудникот „Бучим“, кој во деведесетите ги доживеа златните времиња, како спортист и како прв човек на Боречката федерација, кој ја однесе Македонија на врвот, освојуваќи европска и светска шампионска титула. Како пратеник биран во два мандати од народот. Како бизнисмен и прв човек на Адора инженеринг, компанија која постави нови стандарди и искачува нови скалила во градежништвото во високоградбата, филантроп, човекољубец, финансиер во спортот, културата, образованието. Сето ова новинарите го препознаа, а тоа за мене има посебно значење, бидејќи тие се гласот на народот во секое општество. Како бизнисмен, спортист, филантроп сметам дека слободата на изразување, на комуникација и на информираност има огромно влијание врз развојот на демократијата. А наградите покрај чест се и одговорност и поттик на нешто што е направено да се развива и продлабочува и секој според потенцијалот и можностите да придонесе во развојот на државата. Сигурен сум дека можеме повеќе од она што досега сме го дале“, порача Чифлиганец.

Во краткото видео подготвено од новинарите од Истокот, во кое се претставени успесите на проф. д-р Ванчо Чифлиганец и неговата улога во афирмацијата и развојот на источниот регион, се вели дека е личност, кој воден од слоганот „Само делата се вистина“ во изминативе 18 години изгради една од најбрзорастечките и најуспешните компании во Македонија, предводник во имплементацијата на иновации, светски стандарди и современи трендови на квалитетно домување. Околу 13.000 граѓани и ја додоа довербата на Адора инженеринг, што за тимот на компанијата значи гордост, но и одговорност.Тоа е еден мал град на Адора. Потврда за успесите се освоените 7 интернационални награди и над 40 национални награди, за општествена одговорност, за енергетска ефикасност, за квалитет. Последниве години проф.д-р Ванчо Чифлиганец како акционер влегува во неколку домашни компании и во финансискиот сектор со што станува најголем акционер во една од најголемите и најсигурните банки во земјава, Комерцијална банка. Тој е голем филантроп, донатор, човекољубец, финансиер во спортот, во културата, образованието за што досега има издвоено над 5 милиони евра.

На свеченоста во Берово, новинарите од Источна Македонија, по шести пат им доделија признанија на истакнати личности од бизнисот, науката, културата, спортот, невладиниот сектор.

Македонија

Расте бројот на нови слуачи на ковид -19 во Југоистокот, 3 нови случаи во Радовиш, 11 во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

112 нови случаи на Ковид -19 а починале 8 пациенти, ова е билансот од денешниот извештај од Министерството за здравство.

-Во болнички услови се починати 8 пациенти од Тетово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г), соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 46, Куманово 7, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Струга 6, Велес 4, Битола 7, Охрид 4, Гостивар 3, Струмица 11, Радовиш 3, Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Виница 1, Делечево 1, Кратово 1, Свети Николе 4,, Кичево 2 и Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје 42, Куманово 8, Штип 3, Прилеп 8, Тетово 10, Струга 6, Велес 4, Битола 3, Охрид 10, Кавадарци 2, Гостивар 13, Гевгелија 11, Струмица 4, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Крушево 2, Кочани 4, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 2, Делчево 8, Свети Николе 3, Кичево 3 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.

Continue Reading

Македонија

Јануари најризичен период за корона вирус

Виолета | Media Press

Published

on

Според министерот за здравство Венко Филипче најризичен период кој следува со коронавирусот е месец јануари.

Тој во вчерашната Топ Тема објаснува дека месец јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеци кога луѓето ќе бидат затворени, односно ќе има интензивна комуникација во затворени простории.

Филипче објаснува и дека се планира ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават. Тоа се брзи тестови за регистрирање на вирусот, не на антителата, кои би го детектирале вирусот за 15-тина минути. Истите ќе бидат распределени во сите болници, но и на граничните премини. 

Во однос на полициски час Филипче рече дека нема да има на ниво на држава, туку можеби во некои општини или региони.

Continue Reading

Економија

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

Виолета | Media Press

Published

on

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.

„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од КОВИД-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.

Continue Reading