Connect with us

Регион

Струмичката полиција во два наврати спречила криумчарење на мигранти

Avatar

Published

на

Според соопштението на МВР, полициски службеници од СВР Струмица спречиле криумчарење на мигранти во непосредна близина на „Раборска крстосница“, струмичко.

Во раните утрински часови вчера, при обид за бегство после запирањето на возилото е уапсен Б.И. кој управувал со возило со кичевски регистарски ознаки. Во возилото биле пронајдени 39 лица мигранти од кои 35 биле од Сирија и четири лица од Ирак.

Истиот ден во попладневните часови, полицајци од СВР Струмица е лишен од слобода Д.Х. од Велес кој управувал со товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички. Во возилото биле Пронајдени 50 мигранти, 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан.

Увид на местата каде што се пронајдени мигранти извршиле екипи на Регонален центар за гранични работи и СВР Струмица.

По целосно документирање на случајот, против возачите ќе биде поднесени пријави поради постоење основи на сомнение дека сторле кривично дело „криумчарење на мигранти “.

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот

Avatar

Published

на

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе