Connect with us

Радовиш

Со трогателен говор Чифлиганец се прости со Тони Танчев: Тажен момент, а сакам многу да кажам за нашиот Тони

Avatar

Published

на

Голем број радовишани спортисти спортски работници и пријатели на Тони Танчев  вчера за последен пат се простија на неговиот погреб во Радовиш. Еден од нив беше и проф. д-р Ванчо Чифлиганец, поранешен претседател на БК „Бучим -Јака“, од времето кога станаа европски и светки шампиони, а еден од шампионите беше иТони Танчев.  

„Го испраќаме нашиот другар, пријател, борач, борец, учител, тренер, професионалец, човек со големо срце и душа, но пред се добар татко на Илија и сопруг на Снежана. И нема зборови, нема мелем  со кој може да ја ублажиме тагата на неговото семејство“, рече Чифлиганец и продолжи.

„Од вчера, од кога ми ја соопштија веста за ненајдената смрт на нашиот другар, низ главата ми минуваат илјадници мисли и сеќавања, убави моменти, зборови, радости, еуфоријата која ја чувствувавме од заедничката љубов кон борењето. Сакам многу да кажам за нашиот Тони, голем човек, борец во животот, борач на струњачата со кого заедно освоивме многу спортски борачки врвови.

Целиот живот го посвети на спортот, на борењето за афирмација на сопствената држава. Ти заедно со твоите другари, спортисти ги донесовте првите златни и сребрени медали по осамостојувањето на Македонија. Никогаш нема да ги заборавиме твојата љубав кон спортот, која заедно со твоите другари, спортисти, кога сите заедно се радувавме кога станавме европски и светски шампиони, а ти беше централниот драгоцен камен во мозаикот на таа европска и светска екипа.

Драг Тони, не само што беше вистински шампион во спортот, во борењето беше и педагог, извонреден тренер освојувајќи повеќе шампионски титули под твојата палка, водејќи го напред клубот Бучим.

Драг Тони, никогаш нема да заборавиме кога заедно со твоите соборци седевме во сауната да ги намалите килограмите за да донесете драгоцени поени за Македонија и да станеме светски шампиони. Правевме се, разговаравме за се и сешто за да заборавите на жедта. Тоа беше херојска пожртвуваност само за да стане нашата мала, но храбра држава дел од Европа и од Свет“, рече Чифлиганец меѓудругото.

„Но, во тие моменти не помислувавме дека прерано ќе не напуштиш кога си најмногу потребен на сопственото семејство, синот Илија, сопругата Снежана. Од кога те паметам од 13 годишна возраст до сега најдобар другар и пријател ти беше спортот, струњачата до последниот момент воспитувајќи ги младите како можат да бидат шампиони, без да кажеш не можам не напушти нас и твоето семејство синот Илија и сопругата Снежана. Таква била судбината за сите нас, непосакувана. Тоа е животот ќе те паметиме по добри дела, по твојата голема човечност, другарство, пријателство.

За нас најтажен момент, Тони освои многу животни врвови, а се радуваше на секој како да е прв. Му верував и го сакав, а и тој мене, заради мој телефонски повик се врати од Германија и се посвети на борењето, кое стана негова животна определба, љубов и посветеност. Од балкански шампион, стана европски и светски шампион и цел живот остана на струњачата, до последен момент, до последен здив, несебично пренесувајќи го своето знаење, искуство на младите борачи кои со ширум отворени очи и уши го слушаа и учеа од тебе како да се борат во салата, но учеа и како да станат борци во животот. Целиот наш, човечки живот е борба, но во овие моменти на длабока тага сфаќаме колку е животот краток. Ми зборуваше дека се поголем е бројот и на момчиња и на девојчиња кои сакаат да научат, да се борат, да освојуваат медали, да ја претставуваат нашата татковина, да го веат македонското знаме.

Им изразувам најдлабоко сочувство на неговите Снежана и Илија, но верувајте дека сте најгордите сопруга и син, со кои имаме многу да се сеќаваме и да кажуваме каков беше нашиот Тони Танчев. Секогаш насмеан, ведар, а толку силен борач што мислевме дека ни планина да се сруши врз него нема да му биде ништо. Јас знам дека нашиот Тони не си замина, дека секогаш ќе биде со нас и ќе го слушаме неговиот глас кој ни вели борете се и гледајте само напред!

Твоето физичко заминување претставува најголема наша загуба, но ти ќе останеше засекогаш во нашите срца. Голема загуба е за сите нас, но најголема за твоето семејство, синот Илија и сопругата Снежана.

Денеска сме тажни, но гледајќи ја вечноста исполнети сме со надеж, дека Тони сега е во Божји раце. Почивај во мир драг наш Тони, и нека ти е светол патот кон вечноста“, заврши Чифлиганец.

Радовиш

Целосна реконструкција на најпрометните улици во Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш започна со целосна реконструкција на најпрометните улици во градот, а не крпење на дупки.  Денеска се асфалтираше улица Кеј 8-ми септември покрај течението на радовишка река.

 Ќе се реконструираат улици во должина од околу 6 километри истакна градоначалникот Ацо Ристов одговарајќи на новинарски прашања и притоа рече дека ова не е предизборна активност и дека станува збор за редовни градежни активности кои ќе продолжат и во наредниот период. Исто така тој рече дека продолжуваат градежните активности и на градскиот пазар.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Ристов го презентира проектот за Градска куќа „Рада“ пред советниците

Avatar

Published

на

Со дневен ред од 15 точки денеска беше одржана 47-та седница на Советот на општина Радовиш.

Како една точка од дневниот ред беше и предлог – одлука за одорување на идеен проект за реконструкција со пренамена на Стоковна куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на град Радовиш „Рада“ кој го презентираше Градоначалникот Ацо Ристов.

Градоначалникот рече дека објектот пред се ќе биде од јавен карактер и наменет за сите граѓани.

Од страна на Претседателот на Советот на општина Радовиш исто така беа споделени изјавите на двајцата советници Валентина Лазарева и Енис Омер, кои ги имаат поднесено до Советот, како би делувале во иднина како советници. Валентина Лазарева како советник од Демократски сојуз се приклонува кон советничката група на ВМРО – ДПМНЕ а Енис Омер во иднина ќе делува од име на ТДП.

Прочитај повеќе

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе