Connect with us

Економија

МЗШВ го претстави третиот столб економски мерки наменети за поддршка на земјоделството

Александар | Media Press

Published

on

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски,
на прес-конфереенција го презентираше третиот столб новиот пакет економски мерки што е наменет за поддршка на земјоделството.

Министерот Димковски потенцираше дека треба да продолжи развојот на земјоделството, да се искористат сите потенцијали кои ќе овозможат заживување на секторот и после кризата од вирусот Ковид-19

„Во периодот што следува, за земјоделците е важно да имаат рентабилно земјоделско производство, помали производствени трошоци, а поголеми приходи. Затоа, го зголемивме покривањето на трошоците за набавка на зелена нафта, од досегашните 30% на 50%. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 50.000 земјоделци, а вредноста изнесува 4,6 милиони евра. Се работи за веќе постоечка редовна кредитната линија, за којашто сега се подобрија и олеснија кредитните услови. Конкретно, се зголеми максималниот износ за кредит од досегашните 300.000 на 500.000 евра. Рокот за отплата на кредитот е зголемен на 24 месеци за кредити за обртни средства, односно на 10 години за кредити за основни средства. Кредитите се со фиксна поволна каматна стапка од 2 %“, изјави министерот Димковски

За оваа постоечка линија од Развојната банка на Северна Македонија со подобрени услови, можат да аплицираат микро, мали и средни претпријатија кои вршат:

  • примарно земјоделско производство,
  • преработка на земјоделски производи,
  • извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки

Грантовите освен за вино, млеко и месни производи, наменети се и за производство за нетрадиционални производи, ароматични, лековити и зачински билки.

Со 50 милиони евра, кредит од Светската банка, ќе го модернизираме нашето земјоделство, и ќе ја зголемиме конкурентноста и профитабилноста. Дел од оваа сума ќе се искористи за изградба на откупно дистрибутивни центри во Скопје, Струмица и Ресен“, заклучи министерот Димковски на денешната прес-конференција.

„Со 50 милиони евра, кредит од Светската банка, ќе го модернизираме нашето земјоделство, и ќе ја зголемиме конкурентноста и профитабилноста. Дел од оваа сума ќе се искористи за изградба на откупно дистрибутивни центри во Скопје, Струмица и Ресен“, заклучи министерот Димковски на денешната прес-конференција.


прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Од денеска незначителни промени на цените на горивата кои важат од синоќа на полноќ

Виолета | Media Press

Published

on

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,980 ден/кг.

Continue Reading

Економија

Работодавачите во медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените

Виолета | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи соопшти дека работодавачите во  медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените.

„За  секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му  се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно „Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми“, стои во соопштението.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум, додаваат од УЈП треба да пополни и поднесе  комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање.

Continue Reading

Економија

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита од денес за корисниците со картички, на шалтерите на банките од понеделник

Александар | Media Press

Published

on

Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни ќе почне од денес, 3 јули, за корисниците со дебитна картичка а од понеделник,6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките.

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека и овој месец ќе изврши етапна исплатата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

Исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
–   6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
–   7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
–   8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците кои имаат дебитна картичка  поврзана со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска, петок, 3 јули.

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита се прави со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите набанките, се должни да носат заштитна маска што ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метра.

Continue Reading
Advertisement