Connect with us

Економија

Ангеловска и Бектеши за мерките на Владата за помош на стопанството и на граѓаните

Avatar

Published

на

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес конференција изјави дека мерките од вториот столб, конкретно се насочени кон заштита на ликвидноста и работните места на краток рок, но и поддршка за развој и зголемување на конкурентноста на компаниите во пост-корона периодот.

Поддршка на инвестиции, на полесен пристап до капитал, наоѓање на нови пазари, извозна-ориентираност, дигитализација, модернизација, нови производи, како и вклучување на таргетирани категории како жени претприемачи и млади лица, преку мерки од третиот пакет насочени кон директна поддршка на стопанството.

Ангеловска посочи дека преку Развојната банка ќе се нуди нова линија на бескаматни кредити, а ќе се развие и гарантна шема за комерцијални кредити.

„Со бескаматни кредити за фирми преку Развојната банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра ќе се поддржат сите микро и мали фирми, а истата ќе понуди и 30% грант од ЕУ, за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење. Понатаму преку развивање на државна гарантна шема за комерцијални кредити преку Развојната банка ќе се овозможи полесен пристап до капитал за фирмите, за ликвидносни потреби, за инвестиции за зголемување на конкурентност и истата се користи ширум светот токму за периодот на заживување на економијата“, вели Ангеловска.

Понатаму ќе се поддржи пласман на компаниите на нови пазари и подобрување на конкурентноста, прво преку 25 милиони евра за приватниот сектор преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата, а во соработка со стопанските комори, понатаму преку развивање на дигитална платформа, за текстилна, чевларска и индустрија за производство на мебел. Предвидени се и 1.6 милиони евра поддршка за Старт ап компании и мали и средни фирми за воведување на нови процеси, иновации, освојување на нови пазари, дигитализација и зголемување на конкурентност, како и 3 милиони евра преку Фондот за иновации и технолошки развој.

Министерот за економија Крешник Бектеши се осврна на мерките од третиот пакет кои се реализираат преку Министерството за економија и се во вредност над 50 милиони евра.

„Туризмот и угостителството се најпогодени сектори од оваа здравствено-економска криза, затоа и поддршката којашто преку сите три сета мерки ја даваме за овој сектор е најголема во овој дел. Во третиот пакет мерки предвидена е поддршка од 16 милиони евра за ваучери за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра. Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 денари нето месечно и немаат други приходи. Оваа мерка опфаќа околу 100 илјади граѓани и ќе започне да се реализира со почетокот на туристичката сезона.“

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе