Македонија
Полицијата ќе ги интензивира контролите за носење заштитни маски, најави министерот Чулев од Струмица
Објавено на
Од
Media Press
Полицијата ќе ги интензивира контролите поврзани со носењето на заштита опрема од страна на граѓаните. Ова денеска од Струмица го најави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Контролите пред се ќе однесуваат на носењето на заштитните маски кои се задолжителни и директно се поврзани со олабавувањето на идните владини мерки.
,, Во таа насока ќе бидат засилени и централните контроли на секторите за внатрешни работи се со цел интензивирање на полициските контроли во насока на носење на заштитна лична опрема.,, рече НАЌЕ ЧУЛЕВ – МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Министерот Чулев останува на ставот дека неговата уредба со која бара линеарно наградување на полициските службеници со по 15 000 денари треба да се прифати. Смета дека тоа не е само награда за полицајците туку и мотивација за целокупниот придонес што го давале во борбата со корона вирусот.
Поврзани содржини

Вчера на 1-ви Мај, при редовни сообраќајни контроли, 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола

Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината

30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, преглед на ученици во близина на училишта

74 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Осумдесет прекршувања на брзината биле констатирани при контрола на СВР Струмица во период од 6 часа, сите биле соодветно санкционирани

118 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

