Македонија

Министерот Филипче смета дека е рано за отварање на границите

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека доколку се отворат границите огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода и според него сеуште е рано за таков чекор.

Тој истакна дека отворање на границите треба да биде во координација со соседните земји. Исто така појасни дека тоа беше и причината за посетата на Грција, каде се дискутирало за начинот на поминување на границите, сега се чека на нивниот одговор.

„Ние сметаме дека отворање на границите мора да биде координирано помеѓу соседните земји и тоа беше причина за посетата на Грција и работите кои таму ги дискутиравме во однос на начинот на кој што ќе се поминува границата во однос на потребните тестови и во однос на евентуалниот начин на било кој заболен од земјите, кои ќе се сложат на тој договор да добијат бесплатна здравствена заштита доколку при престој во некои од овие земји заболат од коронавирусот.“ – Изјави Филипче во одговор на прашање.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago