Македонија
Министерот Филипче смета дека е рано за отварање на границите
Published
4 години agoна
By
Media PressМинистерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека доколку се отворат границите огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода и според него сеуште е рано за таков чекор.
Тој истакна дека отворање на границите треба да биде во координација со соседните земји. Исто така појасни дека тоа беше и причината за посетата на Грција, каде се дискутирало за начинот на поминување на границите, сега се чека на нивниот одговор.
„Ние сметаме дека отворање на границите мора да биде координирано помеѓу соседните земји и тоа беше причина за посетата на Грција и работите кои таму ги дискутиравме во однос на начинот на кој што ќе се поминува границата во однос на потребните тестови и во однос на евентуалниот начин на било кој заболен од земјите, кои ќе се сложат на тој договор да добијат бесплатна здравствена заштита доколку при престој во некои од овие земји заболат од коронавирусот.“ – Изјави Филипче во одговор на прашање.
Поврзани содржини
ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, осомничен за две убиства
Филипче: Да нема собирања на семејни прослави и разни други групирања, вирусот така најлесно се шири
Филипче: Расте факторот на преносливост на Ковид-19 што е јасен индикатор дека ќе има промена на ситуацијата
Новата учебна година започнува со физичко присуство, како и во соседните земји
Филипче: За влез во државата сертификат за вакцина, негативен тест или потврда за прележан Ковид
Филипче: Пристигна најсовремената терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19
Избори 2024
Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници
Published
19 часа agoна
април 19, 2024By
Media PressВчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.
„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.
Избори 2024
Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите
Published
21 час agoна
април 19, 2024By
Media Press„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .
Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.
Избори 2024
Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот
Published
21 час agoна
април 19, 2024By
Media Press„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.
„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо – победуваме!
Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ!
Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.