Струмица

Поинакво прославување на денот на пожарникарството во Струмица, организирана акција за чистење на патеката до „Св. Илија“

Пожарникарите-спасители во Територијалната професионална противпожарна единица Струмица, Денот на пожарникарството во Македонија го одбележаа на малку поинаков начин поради изменетите околности предизвикани од глобалната пандемија од вирусот Covid 19.

Беше организирана акција на чистење и средување на трим патеката до манастирот Свети Илија, при што трите мостови беа бојадисани, а патеката исчистена од треви и гранки од околните дрвја. Дополнително е поставен и четвртиот мост кој бил оштетен од поплава.

Целта на акцијата е да се овозможат подобри услови на користење на оваа патека на граѓаните како и на спортистите.

„Овој ден го одбележуваме како и секогаш, целосно подготвени за брза и навремена интервенција за спасување на животи и имоти од секакви непогоди бидејќи за еден пожарникар-спасител не постои ништо повредно и посвето од тоа.Од почетокот на 2020 година до денешниот ден ТППЕ Струмица има интервенирано 204 пати на интервенци од секаков карактер.

На сите пожарникари-спасители им го честитаме Денот на пожарникарството и им посакуваме успешно извршување на сите задачи и предизвици со кои секојдневно се соочуваат.“
– Стои во Објавата на ТППЕ Струмица на официјалната Фејсбук страница

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago