Connect with us

Економија

На два дена пред истекот на рокот 12.480 компании аплицирале за мерката финансиска поддршка за исплата на платитe

Виолета | Media Press

Published

on

Дванаесет илјади четиристотини и осумдесет компании аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник со која се овозможува континуитетот на работните процеси, обезбедивме основа за редовна исплата на плати и придонеси, при што се  создадоа и сериозни услови да се сочуваат работните места.


Ова го истакна советникот за економски прашања на претседателот на Владата на РС Македонија, Фатмир Битиќи, на прес-конференцијата по повод сетот владини мерки за поддршка на економијата во справувањето со последиците предизвикани од пандемијата на коронавирусот КОВИД-19, и додаде дека бројката на компании што аплицирале е охрабрувачка бројка ако се знае дека до крајот на рокот за аплицирање остануваат уште три дена денешниот, утрешен и целиот задутрешен ден (четврток) до 24:00 часот, и се очекува дека за мерката ќе аплицираат голем процент од компаниите кои ги исполнуваат условите.


„Аплицирањето за оваа мерка започна на 1-ви мај, и до сега, иако имавме празник и викенд, во Управата за јавни приходи се пристигнати нешто повеќе од 12.480 апликации“, истакна советникот на премиерот, Битиќи.


Советникот на премиерот, Битиќи наведе дека веднаш откако беше јасно дека коронавирусот освен здравствена, ќе предизвика и економска криза во земјата, Владата на Република Северна Македонија многу бргу ја подготви и започна да ја реализира стратегијата за поддршка на економијата.


Тој нагласи дека Владата со јасно поставена цел беше фокусирана да им се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваат што повеќе работни места, да ги поддржи компаниите на нашите сограѓани за нивна ликвидност и да ги постави темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата.


Тој на прес-конференцијата уште еднаш ги повика сите компании кои сè уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП.
Апликациите за месец април, треба да се достават најдоцна до крајот на задутрешниот ден, односно до 7-ми мај. Кога станува збор за оваа мерка, важно е да споменеме дека Владата, кога ја донесе Уредбата за финансиска поддршка за исплата на платите, овозможи компаниите кои од 11-ти март до крајот на април отпуштиле одреден број работници, сега да можат да ги вратат и на тој начин да ги искористат придобивките од оваа мерка.


Ова им дава голема шанса на работниците, кои во првиот налет на кризата ги изгубија работните места повторно да се вратат на претходните работни позиции. Сакам да напоменам дека станува збор за околу 2.000 работници во март и околу 7.000 во април“, информираше советникот на премиерот, Битиќи.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Од денеска незначителни промени на цените на горивата кои важат од синоќа на полноќ

Виолета | Media Press

Published

on

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,980 ден/кг.

Continue Reading

Економија

Работодавачите во медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените

Виолета | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи соопшти дека работодавачите во  медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените.

„За  секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му  се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно „Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми“, стои во соопштението.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум, додаваат од УЈП треба да пополни и поднесе  комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање.

Continue Reading

Економија

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита од денес за корисниците со картички, на шалтерите на банките од понеделник

Александар | Media Press

Published

on

Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни ќе почне од денес, 3 јули, за корисниците со дебитна картичка а од понеделник,6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките.

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека и овој месец ќе изврши етапна исплатата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

Исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
–   6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
–   7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
–   8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците кои имаат дебитна картичка  поврзана со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска, петок, 3 јули.

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита се прави со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите набанките, се должни да носат заштитна маска што ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метра.

Continue Reading
Advertisement