Connect with us

Економија

Бектеши: Програми за поддршка на бизнисот и граѓаните, почнува исплатата за субвенции за печки на пелети и занаетчии

Avatar

Published

на

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за реализација на мерките и Програмите на Министерството за економија.

Од почетокот на годината како што информираше министерот, Министерството за економија објави неколку јавни повици за поддршка на стопанството преку Програмата за конкурентност и иновации, Програмата за енергетска ефикасност и Програмата за индустриска политика.

„Од Програмата за енергетска ефикасност сакам да ве информирам дека е спроведен јавниот повик за субвенции на печки на пелети. Од оваа мерка оваа година субвенции добија вкупно 454 граѓани кои аплицираа заклучно со крајниот рок 6-ти март во вкупен износ од 10,7 милиони денари. Вкупно 20 од граѓаните кои добиле субвенции за печки на пелети се домаќинства  ниски примања за што е предвидена субвенција од 75% од средствата, но не повеќе од 25.000 денари. Останатите домаќинства беа поддржани со 50% од трошоците за набавка на печки на пелети, но не повеќе од 20.000 денари“, кажа Бектеши и додаде дека до 8-ми мај ќе бидат објавени листите на добитници и ќе бидат изготвени решенијата за исплата.

Бектеши исто така информираше дека од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво од почетокот на годината беа објавени и реализирани пет јавни повици и тоа:

Завршен е јавниот повик за субвенции за занаетчии  при што оваа година субвенционирани се вкупно 43 занаетчии и вршители на занаетчиска дејност во вкупен износ од 4.47 милиони денари. Исто така минатата недела на 30-ти април заврши јавниот повик за кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството.

Вкупниот буџет е 1.74 милиони денари. Следи евалуација на пристигнатите апликации и потпишување на договори за имплементација на проектите.

„Во делот на поддршка на занаетчиството сакам да информирам дека сè уште е отворен јавниот повик за субвенционирање на трошоци за ангажирање на чираци, која е нова мерка произлезена од барањата на занаетчиските комори. Јавниот повик е отворен до 20-ти јули, а вкупно се за ова намена се предвидени 300.000 денари“, кажа министерот.

Во делот на поддршка на компаниите министерот Бектеши информираше дека е завршен јавниот повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија.

„Од оваа мерка, оваа година субвенционирани се вкупно 55 претпријатија во вкупен износ од 14 милиони денари“, истакна Бектеши и ги повика сите жени да аплицираат на јавниот повик за финансиска поддршка за женско претприемништво кој трае до крајот на месец мај, за што се обезбедени 1.5 милиони денари.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе