Connect with us

Македонија

Подобрени условите за мерката „14.500 денари по вработен“: Можност за трансформирање во грант, флексибилност кај бројот на вработени

Media Press

Објавено на

Подобрувања на условите на мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен – со поголема флексибилност во условот за одржување на бројот на вработени, можност за комбинирање на мерката со мерката „50% субвенции на придонеси“ за најпогодените сектори и можност помошта да се трансформира во грант – неповратни средства.

Овие новости се во координација со Светска банка, која ќе финансира дел од мерката со заем од околу 50 милиони евра. Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес-конференција ја презентираа мерката за која работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе можат да аплицираат од почетокот на мај, а видео обраќање имаше и директорот на Светска банка за Република Северна Македонија и Косово, Марко Мантованели.

Една од новостите е дека малите и микро претпријатија можат да го задржат истиот број на вработени минус 15%, средните до минус 10% и големите до минус 5% од вработените. Пред промената на овој услов тие беа обврзани да го задржат истиот број на вработени до јули, односно два месеци по користење на мерката. Со воведувањето на овие проценти, повторно ќе се спречат отпуштања, но се зголемува опфатот на фирми кои ќе можат да аплицираат за мерката, а со тоа и да продолжат да функционираат. Ова е особено важно за микро и малите претпријатија.

Се излегува во пресрет и на најпогодените дејности од КОВИД-19, односно угостителството, туризмот и транспортот со дополнителна поддршка, така што се дозволува антикризните мерки „14.500 денари по вработен“ и „50% субвенција на придонеси“ да се комбинираат за овие дејности, доколку фирмите немале загуба за 2018 и 2019 година, не се на листата на должници на УЈП од март 2020 година и заклучно февруари не доцнеле со плаќање на обврски по основ на кредити подолго од 90 дена од денот на достасување.

„Со ова тие ќе може да исплатат поголеми плати на работниците, бидејќи поддршката која ќе може да ја добијат изнесува и до 19.500 ден. Односно 14.500 ден од оваа мерка и по основ 50% субвенционирање на придонесите до максимум просечна плата околу 5.000 ден“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Трета нова поволност е можноста средствата кои фирмите ги земале преку мерката да им се трансформираат во грант, односно неповратни средства.

„Како што знаете и претходно компаниите кои би оствариле загуба во 2020, нема да ги враќаат средствата од помошта, односно доделените средства од државата ќе бидат неповратни за нив. Сега се проширува опфатот на мерката и со оние фирми кои се очигледно опфатени од кризата, односно со фирми кои последниве две години имаат добивка, кои не се на листата на должници на УЈП и кои до март месец годинава не доцнеле со плаќање на обврските по основ на кредит подолго од 90 дена од достасаноста, како и ако инвестираат еднаков или поголем износ на добиената поддршка во тренинзи на вработени, надградба на процеси, продуктивен капитал. Средствата и за нив ќе се трансформираат во грант средства“, рече Ангеловска.

„Управата за Јавни приходи за оваа мерка го надгради својот систем со цел да им излезе во пресрет на сите работодавачи да може на брз и едноставен начин да аплицираат за оваа финансиска поддршка – 14.500 денари нето плата за секој вработен“, истакна Лукаревска.

„Сите Вие кои ќе побарувате финансиска поддршка за исплата на плати за Вашите работници, веднаш по завршување на овој месец, односно веќе од 1-ви мај поднесете Барање за финансиска поддршка – образец БФП-ИП до Управата за јавни приходи преку системот Е-даноци, најдоцна до 7-ми мај за исплата на платите за април, односно до 7-ми јуни за исплатата на платите за мај“, истакна Лукаревска и ги повика работодавачите да ги задржат вработените на своите работни места.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе