Македонија
Релаксиран полициски час на 1, 2 и 3 мај, непочитувањето на уредбата за носење на заштитна опрема од денеска се казнува
Објавено на
Од
Media Press
Со одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на
целата држава за време на првомајските празници од 47-ма седница, Владата утврди
дека на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено
движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот.
Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до
05:00 часот наутро следниот ден. За лицата над 67 годишна возраст, во петок,
сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да
излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.
Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата,
како и задолжителното носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата
и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници,
банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.
Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога
не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните. Заштитна
опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена
семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително
одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило
со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да
одржуваат дистанца од два метри.
Непочитувањето на Уредбата за носење на заштитна опрема, од денеска ќе се казнува
прекршочно. Предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска
противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките
за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од
2.000 евра во денарска противвредност.
На сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни површини, информираат од владината
прес-служба.
Поврзани содржини

Комисијата за заразни болести препорачува укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни

Продолжува полицискиот час во истиот период од 24:00 до 04:00 часот наутро

Од утре полициски час од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден, започнуваат со работа и теретаните

Поддржан предлогот на Комисијата за заразни болести за полициски час од полноќ, дозволени се настани и други промени

Олабавување на мерките. Полицискиот час од 5 до 15 мај ќе започнува во 23:00 и ќе завршува во 05:00 часот

Полициски час од утре до 15 мај, исклучок само за Велигден и за Рамазан, угостителите ќе работат до 20:30 часот

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

