Економија
Над 300 илјади граѓани ја искористија мерката „Купувам домашно“
Published
4 години agoна
By
Media PressДомашна платежна картичка подигнале 309.337 од вкупно 330.000 граѓани кои се најдоа на листата. Вкупниот реализиран промет со картичките изнесува 26,5 милиони евра – објави министерката за финансии, Нина Ангеловска
Од објавените сумирани податоци за мерката „Купувам домашно“, искористени се 26,8 милиони евра за издадени картички од планираните 28,3 милиони евра.
Најголема реализација или 97 проценти има кај невработените лица и здравствените работници, а најниска кај младите лица, тие искористиле само 90 проценти.
Невработените лица и приматели на социјална помош искористиле повеќе од 16.5 милиони евра, вработени со ниски примања над 5.4 милиони евра. Младите лица искористиле повеќе од 4 милиони евра и здравствените работници над 900.000 евра
Сите граѓани кои добија домашна платежна картичка ќе можат и понатаму да ги користат, но како нормални дебитни картички.
Оваа мерка беше донесена во склоп на третиот сет економски мерки на Владата за намалување на последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.
Поврзани содржини
Анкета: Што мислат граѓаните за прогласувањето на енергетска кризна состојба, ќе има ли ценовен шок
Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите
Вчера вкупно се вакцинирале 14.554 граѓани во државата
(Видео) АНКЕТА: Дали радовишани би се вакцинирале и нивното искуство со Ковид -19
Изречени над 800 казни за неносење маски
Битиќи: Пописот е основа за креирање на квалитетни економски политики за реалните потреби на граѓаните
Економија
Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ
Published
4 недели agoна
март 25, 2024By
Media PressМалопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)
Економија
По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра
Published
2 месеци agoна
февруари 23, 2024By
Media PressНово покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.
Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.
Зголемување на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.
Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.
Економија
Од утре поевтинуваат бензините и дизелот
Published
6 месеци agoна
октомври 9, 2023By
Media PressЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.
За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.