Connect with us

Радовиш

Тутунарите во редици пред банки за субвенции за тутун

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска вообичаена рздвиженост во Радовиш. Граѓаните излезени да ги завршат своите обврски. Отворени бутици и продавници редици пред Банка.  Тутунопроизводителите ги подигаат субвенциите но го почитуваат редоследот по азбучна буква.

 Пред Тутунска банка се запазуваше редот а им се делеше бесплатно и заштитни маски на оние  граѓани кои не носеа маска. Пред некои банки граѓаните чекаа ред во група а имаше и граѓани  без заштитна маска. И на улица имаше граѓани без маски велејќи дека се плашат но дека во Радовиш нема корона вирус.

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading

Радовиш

Во Радовиш, промоција на проектот „Ослободи го умот од корупција“, по повод Светскиот ден за борба против корупцијата

Виолета | Media Press

Published

on

Во центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш денеска беше извршена промоција на проектот „Ослободи го умот од корупција“  или како што е наречен  „Развој“, по повод Светскиот ден за борба против корупцијата, 9 декември. Проектот е подржан од ЕЛС општина Радовиш во соработка со Министерството за локална самоуправа и Здружението „Театар-Боеми“ и истиот започна со реализација на интерактивната претстава „Хепи Хипо Шоу“ – како прва предвидена активност.

„Проектот е составен од интерактивна театарска претстава, докумантарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во нашата земја“, рече раководителот на проектот д-р Нелко Нелковски.

„Се надевам дека со реалзиацијата на овој проект, сите заедно ќе дадеме значаен придонес како за нашата општина така и за државата“, рече директорката на Центарот за Култура Ацо Караманов, Изабела Ангелова.

Здружението на граѓани Театар „Боеми“ ќе спроведе дванаесетмесечен проект за едукација на претставници на релевантни институции во земјата и избрани младински претставници за градење на правично и демократско општество без корупција.Во иднина ке следува формирање на локален Совет, анализирање на Програмите за развој на општината и уште многу предвидени развојни активности во проектот.

На крајот од промоцијата, пред Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше засадено дрво – јавор, кое значи дрво на животот и кое симболично ќе биде дрво на развојот на општината.

Continue Reading

Радовиш

Ињево доби две нови улици, со што значително се промени урбаниот изглед на селото

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Радовиш продолжува со реализација на инфраструктурни проекти како градот така и во наслените места. Деновиве беа асфалтирани и целосно завршени двете нови улици во Ињево, а за овие три години во с.Ињево се направија три нови улици. Селото доби нов изглед со вложување во уличната инфраструктра, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Со изградбата на овие улици значително се подобрија условите на жителите од ова населено место и целосно им е олеснета пристапноста до своите домови. Како што информираат од општината во овој период во тек е изградбата на улици и во други населени места како и во градот Радовиш.

Continue Reading