Радовиш
(ВИДЕО) Што мислат некои од земјоделците за корона вирусот, како функционира животот на село
Објавено на
Од
Media PressКако функционира животот на село во време на корона вирус, и дали ваквата состојба се одразува на секојдневното живеење и на село. Мирно и без многу раздвиженост, но жителите велат дека ги почитуваат мерките за носење на заштитина опрема кога доѓаат во контакт со други лица, избегнуваат и групирање.
Во продавница од денеска е забрането да се влегува без маска предупредува продавачот. Земјоделските работи се одвиваат нормално и не мора да се носи заштитна маска но кога патуваат до Радовиш задолжително носат маска.
Инаку за земјоделците се релаксирани мерките за забрана за движење со цел да можат да ги обработуват земјоделските површини. Бидејки како што рече министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Димковски производството на храна мора да продолжи.
Поврзани содржини

Серафимовски: Постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка

УЈП: Во тек е исплатата на поврат на данок на личен доход на земјоделците

Министерот Димковски ги повика винариите да имаат коректен однос кон своите партнери – земјоделците

65.554 земјоделци во државата аплицирале за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година

До петок завршува рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година

Подрачните единици на МЗШВ ќе работат и за време на викендот за поднесување на барања за субвенции
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

