Connect with us

Радовиш

Втор ден Велигден, православните христијани го слават Воскресението Христово, секој во својот дом

Виолета | Media Press

Published

on

Воскресение Христово  се случило на третиот ден  Недела, по неговата смрт на Велики Петок. Велигденската служба започнува на полноќ во Сабота спроти Недела

Во домашна атмосфера, а следејќи ги преку интернет воскресенските литургии, годинава на еден поинаков начин верниците го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Во Радовиш Христовото воскресение од Црковниот храм Света Троица  верниците имаа можност да го следат во живо преку интернет, пренесено од страна на Регионална Телевизја Кобра. Молејќи се од својот дом со запалена свеќа во реце и велигденско јајце го дочекаа воскресението христово.

Сите православни христијани во овие денови  се поздравуваат со поздравот „Христос воскресе“ на што се одговара „Навистина воскресе“.  Празникот на воскреснувањето на Господ Исус Христос се празнува секоја година во различно време и еден е од т.н. подвижни празници. Кај припадниците на православната вера Велигден секоја година паѓа во период од 4 април до 8 мај.

Главното обележување на Велигден се вапцани јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал. Тој и рекол на Марија ќе поверувам дека Исус воскреснал кога јајцата во кошницата ќе станат црвени, што во истиот момент станале црвени. Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен христијански празник. Веднаш по дочекувањето на Воскресението Христово присутните во црковните храмови и во домовите  се кршат со црвени јајца и се води сметка за избор на јајцето, бидејќи се води сметка и за победникот. “. За Велигден се подготвува богата трпеза со разновидна храна, пред се со јагнешко но и друг вид на месо, салата, колачи, велигденска торта и блага погача-штрудла и задолжително црвени јајца. Домовите се украсуваат со разни велигденски украси

Годинава црковните храмови беа празни поради 85- часовниот полициски час во целата државата, како превенција од  корона вирусот. Ја немаше вообичаената раздвиженост по улиците во градот како што беше во претходните години. Велигден се дочека во тишина се слушаше само звукот на камбаната и божествената воскресенска литургија од црковните храмови. Единствено полициските службеници можеа да се забележат на улица како вршеа контрола дали се почитува полицискиот час.

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш, Чаракчиев и Трајанов и денеска со предизборни активности

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатите за пратеници од Радовиш од двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и денеска со предизборни активности. Кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата Можеме, Коле Чаракчиев го искористи денешниот  пазарен ден во Радовиш и денот го помина во разговор со граѓаните.

Кандидатото за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица, оствари средба со  Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Санирани пешачките патеки на 4 мостови во Радовиш, изградени се и пристапни рампи за инвалидизирани лица

Виолета | Media Press

Published

on

Извршена е санација на  пешачките ленти на 4 мостови во Радовиш, кои беа во незавидна состојба. Изградени се и пристапни патеки на мостовите како и на неколку места на тротоарот покрај кејот на Радовишка река. Конечно на лицата со телесен инвалидитет кои користат инвалидска количка како помагало за да се движат, како и на младите мајки со бебешки колички, им  олеснет пристапот до мостовите како и  движењето по тротоарот. Од високите рабници на тротоарите тие не можаа да пристапат на пешачките зони.

Исовремено беше извршено целосно асфалтирање на мостот кај Здравствениот дом  во Радовиш на кој при  секое врнежливо време се собираше вода. Овие активности се во рамките на програмата за тековно одржување на улиците и пешачките патеки во Радовиш. Извршено и обележување на хоризонталната  сигнализација на бул. Александар Македонски, на кој пред 10-тина дена  беше асфалтирана и втората лента.

Continue Reading

Радовиш

Рудникот Бучим континуирано ќе работи се до отпочнување со работа на Боров Дол

Виолета | Media Press

Published

on

Рудникот за бакар „Бучим“ од Радовиш ја заврши првата половина од оваа работна година, согласно предвидената програма. До крајот на Јуни заврши експлоатацијата на рудата на површинскиот коп, рече заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов.

Според Николов нема да има прекин во производниот процес до отпочнувањето со работа на новиот рудник Боров Дол, освен подготовките и нужните ремонти во флотација во текот на месец јули. Во овој месец 40-тина вработени се на принуден одмор, секако во договор со нив, рече Николов, но сепак ќе им биде исплатено 70% од платата.

Continue Reading