Македонија
Од полноќ дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Објавено на
Од
Media Press
Цените на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, а на бензините од полноќ се намалуваат од денар до денар ипол одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денари/литар и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48,50 ден/лит. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 1,50 денари/литар и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар и изнесува 46,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг и цената на мазутот М-1 НС изнесува 18,891 ден/кг.
| Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 48,50 (денари/литар) |
| Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 50,50 (денари/литар) |
| Дизел гориво | – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 46,00 (денари/литар) |
| Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 35,00 (денари/литар) |
| Мазут М-1 НС | 18,891 (денари/килограм) |
Поврзани содржини

Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 14,50 ден/лит

Од полноќ поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата

Се намалува цената на дизел горивото за два денари

Горивата поскапуваат за еден и пол денар

Малопродажните цени на дизелот се зголемуват, на бензините се намалуват за половина денар

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

