Македонија
Горивата поскапуваат за еден и пол денар
Published
9 месеци agoна
By
Media PressРегулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука горивата од вечерва на полноќ да се продаваат по поскапи цени.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.08.2023 година.
Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 88,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 86,5 денари по литар.
Цената ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 81 денар.
За 1,5 денари се зголемува и цената на екстра лесното масло и ќе се продава за 80,5 денари по литар. За 0,8 денари посакапува и мазутот и неговата нова цена ќе биде 46,6 денари.
Поврзани содржини
Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за денар и за 0,5 денари по литар
Од ноќеска на полноќ се намалува цената на дизелот за 2,50 денари
Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата
Од ноќеска на полноќ се намалуват цените на бензините и на дизелот
Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата, дизелот надмина 100 денари
Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени
Македонија
Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме
Published
24 часа agoна
мај 13, 2024By
Media PressБорбата за правична и поубава Македонија за сите нас е Борбата што вреди! напиша претседателот на Левица Димитар Апасиев на социјалните мрежи, притоа заблагодарувајќи се на членовите и симпатизери на Левица и на сите граѓани кои им дадоа поддршка на одржаните избори.
„Како претседател на Левица, Ви пишувам со големо чувство на благодарност…
Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за неумоливоста и вербата на секој наш член, гласач, поддржувач, симпатизер и граѓанин кој верува во нашата искреност и визија за подобра иднина.На ЧЛЕНОВИТЕ на Левица им должиме огромна благодарност! Вашата посветеност и пожртвуваност, истрајноста наспроти притисоците и работата за нашата заедничка кауза се движечката сила позади нашиот континуиран успех.
Растот на Левица од нула до она што е денес, организирањето теренски активности за контакт и дискусии до граѓаните, вклучувањето во кампањите, сета напорна работа и масовна мобилизација не останаа без резултат. Вашата издржливост и одлучност во клучните моменти е она што дополнително нè поттикна да одиме решително напред и ни овозможи да направиме сериозна разлика во политичката култура во Македонија.
На нашите ГЛАСАЧИ им благодариме за дадената доверба. Вашата храброст да постапите различно од сите останати, вашата мудрост да ги препознаете искрените заложби наспроти бројните лаги и манипулации во етерот, како и вербата во нашата работа и кауза е катализатор на промените кои претстојат. Ја разбираме тежината на одговорноста што ни ја доверивте и ветуваме дека чесно и доблесно ќе работиме за да бидеме достојни на Зборот даден кон вас. Идејата за поубава Македонија е жива и преку нашата работа во законодавниот дом ќе ја чуваме и работиме на нејзина реализација. Вашиот глас ни даде простор да се залагаме за политики кои даваат приоритет на благосостојбата на граѓаните, заштита на животната средина и на националните ресурси, унапредување на состојбите во здравството, образованието, правосудството, но и заштита на националното прашање и македонскиот идентитет.
На сите наши СИМПАТИЗЕРИ и поддржувачи (дома и во странство), ви благодариме што останавте покрај нас во текот на нашиот перманентен раст и созревање на политичката сцена. Без разлика дали тоа беше преку волонтирање, донации, јавна поддршка, споделување на нашите идеи или друг начин, вашата поддршка е непроценлива.
Со Левица, нема веќе инфериорни Македонци во сопствената држава!Со цел на нè запрат – прво нè исмеваа, потоа нè напаѓаа, а сега, веќе ни се плашат!Затоа, Борбата не смее да запре, сè додека не ги победиме!“ вели меѓудругото Апасиев.
Македонија
Став од Кабинетот на претседателката Силјановска во врска со употребата на името Македонија
Published
24 часа agoна
мај 13, 2024By
Media Press„Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.
Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.
Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата“ стои во соопштението од кабинатот на претседателката.
Инаку вчера беше извршена инаугурација на новата претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова. При давање на заклетвата, повторувајќи по претседателот на Собранието, Јован Митрески кој го користеше уставното име Република Северна Македонија, Силјановска-Давкова употребуваше само Македонија. Таа рече дека ќе биде претседателка на сите, а обраќањето во Собранието го посвети на жените. Тоа предизвика реакции во меѓународната јавност посочувајќи да се почитува Преспанскиот договор, но поддршка кај поголемиот дел од македонскиот народ.
Македонија
ОМД и честита на првата жена Претседател на Македонија и ja поздрави употребата на правилното уставно име на државата
Published
1 ден agoна
мај 13, 2024By
Media PressОбединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечката организација што ја претставува македонската дијаспора ширум светот, со гордост и честита на професорката д-р Гордана Силјановска Давкова за нејзината значајна инаугурација, како прва жена претседател на Македонија.
„Претседателката Силјановска Давкова на историската церемонија го реафирмираше уставното име на нашата Македонија, потврдувајќи го основното право на Македонците на самоопределување. ОМД ја поздравува нејзината непоколеблива заложба за зачувување на нашиот национален идентитет и суверенитет, чувство што се повторува во нејзините обемни придонеси, вклучително и основниот труд „За „Договорот од Преспа“ и понатаму“, објавен од ОМД во октомври 2018 година, достапен на нашата веб-страница со кликнување овде.
Во оваа значајна пригода, додека го славиме Денот на мајката, ОМД упатува срдечни честитки не само до претседателката Силјановска Давкова, туку и до сите извонредни мајки ширум светот. Денешниот ден симболизира не само триумф на родовата еднаквост, туку и доказ за силата и издржливоста на жените лидери насекаде.
Историската победа на претседателката Силјановска Давкова означува ново поглавје во патувањето на Македонија, влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина. ОМД со нетрпение очекува да соработува со нејзината администрација за зајакнување на врските меѓу македонската дијаспора и нашата татковина, поттикнувајќи просперитет и напредок за генерациите што доаѓаат.
Додека ја славиме оваа значајна пригода, да ја потврдиме нашата посветеност на единството, напредокот и трајниот дух на македонскиот народ“, стои во соопштението од ОМД.