Итна седница на Советот на Општина Радовиш беше одржана вчера
попладне, со две точки на дневниот ред:
1.Инфорамција за состојбата со Корона Вирусот во општина Радовиш и сет мерки кои општината
ги има преземено досега и планира да ги превзема во иднина.
2.Одлука за одобрување Финасисики средства за помош на болни и изнемоштени лица кои
живеат сами за обезбедување на храна и дезинфекциони средства од страна на
Општина Радовиш.
Почитувајќи ги прпораките на Владата за заштита од корона
вирусот присутните во салата беа со заштитни маски.
По неколкуте процедурални забелешки и предлози од
советничката група на ВМРО -ДПМНЕ, за недоволната информираност на јавноста, што е направено
досега и што ќе се преземе во иднина, како
и што ќе се преземе околу гужвите на граѓаните во маркетите, градоначалникот Герасим
Конзулов ја образложи состојбата во општина Радовиш и
рече дека постапуваат согласно прпораките од Владата.
По кратката дискусија и координација со надополнување на
втората точка со предлогот од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и независните
советници, претседателот на советот Коле Чаракчиев го даде на усвојување
предвидениот дневен ред.
По усвојувањето на истиот секретарот на ОО на Црвен Крст
од Радовиш Верица Беќарова даде кратка информација околу се она што преземо и што ќе презема Црвен крст околу
настанатата ситуација со корона вирусот.
Кратка информација даде и раководителот на подрачното
одление на ЦУК од Радовиш Илија Ѓеоргиев за одлуките кои биле донесени на
состанокот на регионалниот кризен штаб
На кројот на
седница советниците едногласно ја изгласаа предлог одлука за одобрување
финасиски средва во висина од 200 илјади денар за средства за дезинфекција и
200 илјади денари за обезбедување на храна на болните и изнемоштени лица и
социјално загрозените лица, како и надоплнувањето на точката со предлогот од советничката
група на ВМРО -ДПМНЕ да се понуди помош на изолираните лица кои се вратиле од
кризни подрачја.
Советникот Горан Поцев заедно со советничката група на
ВМРО -ДПМНЕ предложи сите советници да донираат по еден паушал за социјално
загрозените лица, за кој предлог не се донесе одлука.