Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија денеска до Основниот суд – Гевгелија достави Предлог за издавање на казнен налог против две лица за сторено кривично дело Непостапување според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик.
Во предлогот обвинителството бара лицата да се огласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупна вредност од 123.000 , 00 денари за двете лица.
Обвинетите на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Р.Германија – земја со висок ризик на зараза на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен предлог против мајка и ќерка од Струмица на возраст од 56 и 35 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
На 27.02.2020 и 28.02.2020 година, обвинетите во одделни случаи се симнале од станот во кои се спроведувале мерките за изолација пред станбениот објект, каде биле пресретнати од полициски службеници и предупредени да се вратат во живеалиштето и да ги почитуваат мерките. Обвинетите со вербална расправија се спротивставиле на службените лица, а предупредувањата не ги почитувале.
Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против управител на правно лице – угостителски објект, обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 16. март послужувал храна на гостин седнат на маса во внатрешноста на неговиот угостителски објект, умислено не постапувајќи според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19.