Connect with us

Радовиш

Итна седница на Советот на Општина Радовиш

Avatar

Published

на

Итна седница на Советот на Општина Радовиш беше одржана вчера  попладне, со две точки на дневниот ред:

1.Инфорамција за состојбата со Корона Вирусот  во општина Радовиш и сет мерки кои општината ги има преземено досега и планира да ги превзема во иднина.

2.Одлука за одобрување Финасисики средства  за помош на болни и изнемоштени лица кои живеат сами за обезбедување на храна и дезинфекциони средства од страна на Општина Радовиш.

Почитувајќи ги прпораките на Владата за заштита од корона вирусот присутните во салата беа со заштитни маски.

По неколкуте процедурални забелешки и предлози од советничката група на ВМРО -ДПМНЕ, за недоволната  информираност на јавноста, што е направено досега  и што ќе се преземе во иднина, како и што ќе се преземе околу гужвите на граѓаните во маркетите, градоначалникот Герасим Конзулов   ја образложи состојбата во општина Радовиш и рече дека постапуваат согласно прпораките од Владата.

По кратката дискусија и координација со надополнување на втората точка со предлогот од  Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и независните советници, претседателот на советот Коле Чаракчиев го даде на усвојување предвидениот дневен ред.

По усвојувањето на истиот секретарот на ОО на Црвен Крст од Радовиш Верица Беќарова даде кратка информација околу се она што  преземо и што ќе презема Црвен крст околу настанатата ситуација со корона вирусот.

Кратка информација даде и раководителот на подрачното одление на ЦУК од Радовиш Илија Ѓеоргиев за одлуките кои биле донесени на состанокот на регионалниот кризен штаб

 На кројот на седница советниците едногласно ја изгласаа предлог одлука за одобрување финасиски средва во висина од 200 илјади денар за средства за дезинфекција и 200 илјади денари за обезбедување на храна на болните и изнемоштени лица и социјално загрозените лица, како и надоплнувањето на точката со предлогот од советничката група на ВМРО -ДПМНЕ да се понуди помош на изолираните лица кои се вратиле од кризни подрачја.

Советникот Горан Поцев заедно со советничката група на ВМРО -ДПМНЕ предложи сите советници да донираат по еден паушал за социјално загрозените лица, за кој предлог не се донесе одлука.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе