Радовиш
Мерки и активности преземени од градоначалникот Конзулов за заштита од Корона вирус
Објавено на
Од
Media Press
Врз основа на законските одредби за утврдување на мерките за спречување на појава,внесување, рано откривање и спречување на ширењето и сузбивање на корона вирусот заради заштита на населението на општина Радовиш, градоначалникот на општината Герасим Конзулов во рамките на своите законски овластувања ги реализира следните мерки и активности за превенција:
- Сите граѓани од општина Радовиш, кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, строго да се придржуваат кон Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација. за време на траење од 14 дена.
- МВР СВР Радовиш на дневна основа задолжително да доставува податоци за лицата кои се пристигнати од високо и средно ризичните држави и да врши постојана контрола за почитување на Наредбата за спроведување на задолжителната самоизолација.
- Во соработка со ЈП ,,Плаваја,, -Радовиш, се врши дезинфекција на улиците и контејнерите за собирање на смет.
- Се дезинфицираат просториите на образовните институции, градинките, културниот дом, библиотеката и др.
- Во соработка со Црвен крст организирани се мобилни волонтерски екипи за достава на неопходни средства до ранливите категории на лица: стари, изнемоштени лица, лица со попреченост кои имаат потешкотии со движењето, со цел да им се овозможи секојдневно функционирање и да не се изложуваат на дополнителна опасност.
Помошта на мобилните екипи се состои од помош за набавка на намирници,подигање на лекови, достава до домовите и плаќање на сметки.За помош од волонтерските екипи заинтересираните граѓани да се јават на следните телефонски броеви:
072-277-177 Црвен крст општинска организација Радовиш
075-309-370 Општина Радовиш
Се молат граѓаните да не ги злоупотребуваат телефонските броеви. - Општина Радовиш следејки ги препораките од Министерството за здравство,на огласната табла и електронски, објави телефони за контакти со стручните служби на општината.
- За секоја промена на ситуацијата во општината а во врска со пандемијата ке бидете навремено информирани
Со почит, Градоначалник на
општина Радовиш
Герасим Конзулов
Поврзани содржини

Работилница на тема „Ментално здравје“ во СОУ Коста Сусинов – Радовиш

Црвен крст, Радовиш се заблагодарува на сите хумани луѓе кои даруваа крв

OО на Црвен крст од Радовиш викендот организира Општински натпревар по Прва помош

Хуманитарна активност на Црвен крст од Радовиш, собирна акција за малиот Кристијан

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележува месецот на борба против зависности – Ноември

Црвен крст -Радовиш ја одбележа Неделата на борба против шеќерна болест, со мерење на шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните на Општина КОНЧЕ
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

