Рудникот за бакар
Бучим од Радовиш, согласно препораките на Владата за заштита и превенција од
корона вирусот, ги спроведува сите потребни мерки за заштита на вработените. Заменик
генералниот директор Николајчо Николов во телефонскиот разговор за Телевизија
Кобра рече:
По повод корона вирусот кој го зафати целиот свет, ние пратејќи ги упатствата дадени од Владата на Република Македонија преземаме максимални мерки се со цел да се запази здравјето на вработените во Бучим од една страна, а од друга страна да ги остваруваме нормалните производствени задачи.
Можам да кажам дека досега немаме некои значителни проблеми. Ги оценуваме критичните жаришта кои можат да бидат проблем, еден од проблемите е движењето на луѓето, одат во службите се само по итни потреби, другите работи се извршуваат по телефон.
Забранивме пристап на лица надворешни лица освен за оние за кои е постигнат договор или има најава. Следно жариште ккое може да биде е групниот превоз во автобусите. Во Македонија за жал нема доволно заштитни маски, ние успеавме да обезбедиме и од утре сите работници кои се возат во автобусите до дома и од дома задолжително ќе носат медицински заштитни маски се со цел да се спречи пренесувањето на Корона вирусот од еден на друг човек.