Радовиш
Општина Радовиш ќе им помогне на училиштата околу спроведувањето на јавните набавки за 2020 година
Објавено на
Од
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов оствари работна состанок со директорите од општинските основни училишта, диркеторот на средното општинско училиште Коста Сусинов и директорката на детската градинка Ацо караманов од Радовиш.
Целта на состанокот беше да се разговара и да им се помогне на овие образовни институции околу проблемите и активностите кои ги имаат при спроведувањето на покрупните јавни набавки кои претстојат во оваа календарска година. Конкретно околу набавката на нафта за наредната грејна сезона. На состанокот директорите се пожалија дека немаат лиценцирано лице кое ќе има ја спроведе јавната набавка и побараа помош од општината.
Советникот за јавни набавки при Општина Радовиш Спасија Ефнушева, појасни дека според новиот Закон за јавни набавки кој е излезен од април 2019 секој договорен орган во случајот како што се училиштата, задолжително треба да има лице за јавни набавки за 2020 година. Според новиот правилник општината не предвидува средства за нафта бидејќи не ја користи за греење.

На состанокот беше заклучено да се спроведе групна набавка со помош за спроведување на постапката од овластено лице од Општина Радовиш, а носител да биде едно училиште. Градоначалникот Герасим Конзулов рече дека општината ќе помогне со ангажирање на свое стурчно лице за спроведување на групна јавна набавка а ќе даде подршка и во сите сфери во работењето на училиштата.

На состанокот беше присутен и претседателот на Советот на Општина Радовиш Коле Чаракчиев и секретарот на општината Драги Стојанов

Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
