Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш додели 28 стипендии на талентирани ученици кои постигнале одлични резултати во успехот и на натпревари

Avatar

Published

на

На 28 ученици од основното и средното образование во Општина Радовиш денеска им беа врачени договорите за добивање на стипендија од општината, за учебната 2019 / 2020 година.  На избраните стипендисти кои се пред се одлични ученици кои учествувале и освоиле награди на регионални и државни натпревари, ова  им претставува   поголем стимул за  подобри успеси и достигнувања во иднина.  Тие изразија благодарност до градоначалникот Герасим Конзулов и до Општина Радовиш за доделените стипендии.

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов беше пријатно изненаден од успесите на учениците кои  аплицирале и добиле  стипендија и рече дека и понатаму ке продолжат  како општина да ги пддржуваат најдобрите   и да ги стимулираат, а бројката за во иднина ќе биде зголемена.

Оваа година се доделија вкупно 28 стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: 16(шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, 7(седум) стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и 5(пет) стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.

Стипендијата ќе им биде доделена  до крајот на учебната година. Висината на истата е 27 илјади за средношколци и 22 500  денари за основнци, или во основното образование се во висина од 2.500 ден. а во средното образование во висина од 3.000 ден. месечно, а се доделуваат 9(девет) месеци во годината. Општина Радовиш е меѓу првите кои има воведено стипендија за најдобрите ученици.  Договорите во име на општината ги додели граоначалникот Герасим Конзулов кој притоа и посака успеси и во наредната учебна година.  

Радовиш

Општина Радовиш и годинава додели стипиндии на одлични и талентирани ученици

Avatar

Published

на

На 35 ученици од основното и средното образование во Општина Радовиш денеска им беа врачени договорите за добивање на стипендија од општината, за учебната 2023 / 2024 година.  На избраните стипендисти кои се пред се одлични  и талентирани ученици кои учествувале и освоиле награди на регионални и државни натпревари, ова  им претставува   поголем стимул за  подобри успеси и достигнувања во иднина. 

Договорите во име на општината ги додели градоначалникот Ацо Ристов кој рече дека ова е значајно како за самите ученици така и за општината потенцирајќи колку образованието е важен фактор за едно успешно општество. Честитајќи им на постигнатите успеси и резултати, тој на учениците им порача да го ценат и негуваат образованието и им посака уште поголеми достигнувања во животот. Тој апелира и до компаниите да дадат поддршка и да вложуваат во потенцијални идни кадри кои би можеле во иднина да ги вработат.

Општина Радовиш додели 16 (шеснаесет) стипендии, на ученици од VI до IX одделение од основното образование, во висина од 2.500 денари месечно, за 9 (девет) месеци во текот на учебната година,

11 стипендии се доделени на талентирани ученици од I до IV година од средното образование, во висина од 3.000 денари месечно. И 8 стипендии додели Општина Радовиш – по основ на пониски примања во семејството, на ученици од основно и средно образование, а висината на стипендијата е 2500 денари за основно и 3000 денари за средно образование.

Прочитај повеќе

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе