Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш ќе им помогне на училиштата околу спроведувањето на јавните набавки за 2020 година

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш  Герасим Конзулов оствари  работна состанок  со директорите од општинските основни  училишта, диркеторот на средното општинско училиште Коста Сусинов  и директорката на детската градинка Ацо караманов од  Радовиш.

Целта на состанокот беше да се разговара и да им се помогне  на овие образовни институции околу проблемите и активностите кои ги имаат при спроведувањето на покрупните јавни набавки кои претстојат во оваа календарска година. Конкретно околу набавката на нафта за наредната грејна сезона. На состанокот директорите се пожалија дека немаат лиценцирано лице кое ќе има ја спроведе јавната набавка и побараа помош од општината.    

Советникот за јавни набавки при Општина Радовиш Спасија Ефнушева, појасни дека според новиот Закон за јавни набавки кој е излезен од април 2019 секој договорен орган во случајот како што се училиштата, задолжително треба да има лице за јавни набавки за 2020 година. Според новиот правилник општината не предвидува средства за нафта бидејќи не ја користи за греење.   

На состанокот беше заклучено да се спроведе групна набавка со помош  за спроведување на постапката од овластено лице од Општина Радовиш,  а носител да биде едно училиште. Градоначалникот Герасим Конзулов рече дека општината  ќе помогне со ангажирање на свое стурчно лице за спроведување на групна јавна набавка а  ќе даде подршка и во сите сфери во работењето на училиштата.

На состанокот беше присутен и претседателот на Советот на Општина Радовиш Коле Чаракчиев и секретарот  на општината Драги Стојанов

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе