Connect with us

Радовиш

На седница на Совет на Општина Радовиш најмногу се дискутираше за рспределба на средства на спортски клубови и здруженија

Media Press

Објавено на

На одржаната 38-ма седница на Советот на општина Радовиш,  со дневен ред од 24 точки беа донесени повеќе предлог одлуки и  програми во интерес на граѓаните и функционирањето на Општината. На почетокот советниците поставија и неколку советнички прашања. Советникот Бојан Митевски од редовите на ВМРО -ДПМНЕ повторно го постави прашањето околу закажувањето на седниците и доставувањето на материјалите за што потенцира дека во знак на револт неговтата советничка група нема да учествува во гласањето на  точките  од дневниот ред. Претседателот на Советот Коле Чаракчиев рече дека за тоа се делумно виновни и комисиите, бидејќе не можат да се координараат навреме советниците за да ги разгледуваат предлог одлуките на комисија.

Митевски исто така постави прашање до градоначалникот Конзулов  дали и кои одлуки се потпишани од негов овластен потписник, на што градоначалникот рече дека ниту една одлука не е потпишана од друго лице.

 Во продолжение со 11 гласа „за“ Советниците ги усвоија предлог – Програмата за работа на Советот на општина Радовиш за 2020 година, усвојување на извештајот за состојбата во областа на јавниот ред и мир и безбедноста на сообраќајот на патиштата  на подрачјето на општина  Радовиш за периодот 01.07 -31.12. 2019 година. За што претседателот на комисијата даде мало објаснување.

Предлог програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на Општина Радовиш за 2020 година. Предлог одлука за измена на одлуката за утврдување на бодот за платите на административните службеници во детската градинка Ацо Караманов и на вработените во ЈП Плаваја.

На седницата беа разгледани и усвоени предлог одлуките за изработка на техничка документација за неколку инфраструктурни објекти во градот и населените места, а исто така беше разгледана и усвоени предлог одлуката, за избор на спортис, спортска екипа и тренер за 2019 година.

Предлог одликата за распределба на средства од буџетот, на спортски клубови и здруженија за 2020 година, предизвика жестока дискусија помегу советниците. Советникот Горан Поцев од говорница со обвинување дека се делат огромни суми на некои спортските клубови и здруженија, додека советникот Ристе Спасов со одговор дека очекувал поголема подршка на спортот.

 По врбалната дискусија и дополнителна корекција на некои од сумите, советниците сепак постигнаа согласност и согласно корегираните суми ја изгласаа предлог одлуката со 15 гласа „за“.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе