Општина Радовиш додели 28 стипендии на талентирани ученици кои постигнале одлични резултати во успехот и на натпревари
На 28 ученици од основното и средното образование во Општина
Радовиш денеска им беа врачени договорите за добивање на стипендија од
општината, за
учебната 2019 / 2020 година. На
избраните стипендисти кои се пред се одлични ученици кои учествувале и освоиле
награди на регионални и државни натпревари, ова им претставува
поголем стимул за подобри успеси и достигнувања во иднина. Тие изразија благодарност до
градоначалникот Герасим Конзулов и до Општина Радовиш за доделените стипендии.
Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов беше пријатно изненаден од успесите на учениците кои аплицирале и добиле стипендија и рече дека и понатаму ке продолжат како општина да ги пддржуваат најдобрите и да ги стимулираат, а бројката за во иднина ќе биде зголемена.
Оваа година се доделија вкупно 28 стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: 16(шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, 7(седум) стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и 5(пет) стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.
Стипендијата ќе им биде доделена до крајот на учебната година. Висината на истата е 27 илјади за средношколци и 22 500 денари за основнци, или во основното образование се во висина од 2.500 ден. а во средното образование во висина од 3.000 ден. месечно, а се доделуваат 9(девет) месеци во годината. Општина Радовиш е меѓу првите кои има воведено стипендија за најдобрите ученици. Договорите во име на општината ги додели граоначалникот Герасим Конзулов кој притоа и посака успеси и во наредната учебна година.