Categories: Струмица

Градоначалникот на Општина Струмица со препораки до граѓаните за заштита од загадување на воздухот

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање на   27.01.2020 година, а согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, за надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3  во 2 последователни дена на 25 и 26 јануари  со среднодневни концентрации над 100 µg/m3, градоначалникот на општина Струмица, ги објавува следните ПРЕПОРАКИ до граѓаните:

-Да се користи јавен превоз со мотори на плин ( такси автомобили, такси комбиња), користење на јавен превоз кога станува збор за локаните населени места, – Приватните возилата да не се користат без поголема потреба – Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време – Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контолата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила . – Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории: прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал , – Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци – Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовно да се чистат оџаците . – Да се користат печките на пелети бидејки имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата. – Пелетите да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и без остатоци од каква било обработка (лепило, растворувачи, бои и лакови) – Ефикасното грејно тело го загрева домот, заштедува гориво и пари и ги намалува емисиите во атмосферата – На децата, старите лица , хронично болните од белодробни и срцеви заболувања , но и за лицата кои работат на отворен простор им се препорачува ограничено движење и активности на отворен простор. – Носење на филтер маски за дишење, -Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна на ЈПКД Комуналец.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago