Categories: Дојран

Извесување од Левица во врска со претстојниот референдум во Дојран: Водата не е бизнис

Во врска со најавениот референдум кој ќе се одржи во недела , на втори февруари во Дојран, на кој граѓаните од оваа општина треба да се изјаснат ,, дали се за или против  доделување на договор за јавно приватно партнерство  за услугите, снабдување со вода за пиење, одведување на урбани отпадни води и третман на урбаните отпадни води во општина Дојран, политичката партија Левица со официјална реакција во која се вели;

Изминатите децении, а особено последните години, јавно-приватното партнерство е омилена форма на криминалните власти за уште поголемо осиромашување на народот – преку отуѓување на народните добра и одливање на државни пари во приватни џебови.

Огромен дел од селата околу Дојран немаат функционална канализација и водовод и само пред неколку месеци голем дел од жителите на Дојран беа оставени цели 8 дена без вода за пиење! Огромниот долг на јавното комунално претпријатие не е вина на Дојранчани, туку е очигледна последица на системот на функционирање на картелот СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ, кои со децении ги користат јавните услуги само за партиски вработувања и коруптивни зделки. Не треба приватизација, туку ОДГОВОРНОСТ.

Затоа, во пресрет на најавениот референдум Левица ги повикува жителите на Општина Дојран во недела, на 2 февруари масовно да излезат на референдумот и да гласаат ПРОТИВ плановите на општинската власт за постепено приватизирање на водените ресурси! Водата за пиење во Дојран не е приватна сопственост, ниту нечиј бизнис за остварување на профит, се вели во реакцијата од Левица

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago