Општина Радовиш ќе им помогне на училиштата околу спроведувањето на јавните набавки за 2020 година
Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов оствари работна состанок со директорите од општинските основни училишта, диркеторот на средното општинско училиште
Коста Сусинов и директорката на детската
градинка Ацо караманов од Радовиш.
Целта на состанокот беше да се разговара и да им се помогне на овие образовни институции околу проблемите и активностите кои ги имаат при спроведувањето на покрупните јавни набавки кои претстојат во оваа календарска година. Конкретно околу набавката на нафта за наредната грејна сезона. На состанокот директорите се пожалија дека немаат лиценцирано лице кое ќе има ја спроведе јавната набавка и побараа помош од општината.
Советникот за јавни набавки при Општина Радовиш Спасија Ефнушева, појасни дека според новиот Закон за јавни набавки кој е излезен од април 2019 секој договорен орган во случајот како што се училиштата, задолжително треба да има лице за јавни набавки за 2020 година. Според новиот правилник општината не предвидува средства за нафта бидејќи не ја користи за греење.
На состанокот беше
заклучено да се спроведе групна набавка со помош за спроведување на постапката од овластено
лице од Општина Радовиш, а носител да
биде едно училиште. Градоначалникот Герасим Конзулов рече дека општината ќе помогне со ангажирање на свое стурчно лице
за спроведување на групна јавна набавка а ќе даде подршка и во
сите сфери во работењето на училиштата.
На состанокот беше
присутен и претседателот на Советот на Општина Радовиш Коле Чаракчиев и секретарот на општината Драги Стојанов