Connect with us

Гевгелија

Општина Гевгелија додели стипендии на тројца студенти на медицина

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Гевгелија додели три стипендии на исто толку студенти на Медицинските факултети во земјата. Врз основа на одлуката на Советот на Општина Гевгелија, на студентите од прва година Катерина Узунова од Негорци, на Медицинскиот факултет во Штип, Елена Василева, од Гевгелија, на Медицински факултет во Скопје и Љубица Калинова од Гевгелија, на Медицински факултет во Штип, им е доделена стипендија во износ на 6.000 денари за студијската 2019/2020 година.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков потпиша договори со корисниците на општинската стипендија посакувајќи им успех во натамошното студирање. По успешно завршената прва година, општина Гевгелија ќе продолжи со стипендирањето на студентите, кои се пријавија на огласот и ги исполнија бараните услови.

Со стипендирањето на студенти на Медицинските факултети во земјата, Општина Гевгелија настојува да го зголеми бројот на лекари по општа медицина во општината.

Гевгелија

Гевгелија планира изградба на улица од мостот на Сува река до македонско-грчката граница

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Гевгелија, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, аплицираше за изработка на техничка документација преку проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“на УНДП. Една од главните цели на овој проект е да се дефинира, воспостави и да се управува со Фондот за техничка документација што ќе ги обезбеди финансиските ресурси што им се потребни на општините за да ги завршат неопходните подготвителни работи за изработка на проекти со коишто можат да конкурираат за фондови од ЕУ.
Изработка на техничка документација, односно Инфраструктурен и Основен проект за сообраќајница од крајот на ул. „Борис Кидрич”, до граница со Р.Грција, е од приоритетно значење за Општина Гевгелија имајќи предвид дека проектот за оваа улица е застарен и нефункционален. Со новиот проект се предвидува предметна улица со должина од 1.211 метри и ширина од 9 метри, како и пешачки тротоари по 3 метри од двете страни на сообраќајницата или вкупно 15 метри.

Предлогот е прифатен од страна на Југоисточниот плански регион, кој аплицира на вториот повик на УНДП за изработка на документација за три патни правци, кои се од посебно значење за локалниот економски развој на регионот.
Со проект за изградба на илица од мостот на Сува река до македонско-грчката граница всушност ќе се обезбедат услови за поврзување на Гевгелија со државната граница со Република Грција. Како што е познато, Општина Гевгелија заедно со прекуграничната општина Пеонија, во соседна Грција, покренаа иницијатива за отворање на регионален граничен премин кај Сеово (Идомени) за локален патнички сообраќај. Ваквата иницијатива е актуелизирана за време на пандемијата од Коронавирусот, како и потребата од воспоставување на еден ваков малограничен проток за граѓаните од едната и другата страна на границата.

Изградбата на мостот на Сува река со финансиски средства од ЕУ беше реализирана во функција на ваквата иницијатива. За нејзино инфраструктурно профункционирање е неопходна изградба на патот од мостот на Сува река до самата гранична линија.

Continue Reading

Гевгелија

Рибар од Миравци се удавил во Вардар

Виолета | Media Press

Published

on

Имено, педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар при местење на мрежи за ловење риба.

Несреќата се случила вчера во 15.40 часот додека на местото викано „Три тополи“, В.М.(19) и В.Ѓ.(56), местеле мрежи во р. Вардар, кога В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

До крајот на денот тој бил понајден и извлечен од реката, а од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Continue Reading

Гевгелија

Општина Гевгелија со воспоставување на меѓуопштинска соработка ќе го решава проблемот со бездомните животни

Виолета | Media Press

Published

on

Советот на општина Гевгелија на последната седница донесе одлука за прифаќање на иницијативата за воспоставување на меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомни животни. Со донесувањето на вакви одлуки од преостанатите девет совети на општините, во рамките на Југоисточниот плански регион, се создаваат услови за спроведување на одлуката за формирање на регионално јавно претпријатие за управување на прифатилиштето за бездомни животни во овој регион. И тоа, со еден шелтер центар до отворањето на вториот шелтер центар во Гевгелиско-Валандовскиот микро регион.

Имено, прифатилиштето за бездомни животни во Струмица веќе е изградено и опремено, додека пак изградбата на второто регионално прифатилиште за општините Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран се уште не е започната. По дислоцирањето на прифатилиштето од општина Гевгелија во општина Валандово, беше одредена локација и изработена техничка документација, но, како што нагласуваат во општина Валандово, работите запнаа кај пренамената на земјиштето од земјоделско во градежно.

До изградбата на ова прифатилиште и отворањето на вториот шелтер центар, во ЈИПР ќе фунционира само еден шелтер центар поради што се наметна и потребата од формирање на регионално јавно претпријатие. Заради интензивирање на активностите секоја општина предложи по двајца членови во заедничката комисија за подготовка на предлог-актите за воспоставувањето на меѓуопштинската соработка и формирањето на Јавното претпријатие.

Continue Reading