Connect with us

Гевгелија

Новогодишни подароци за децата со посебни потреби и социјално загрозените во Гевгелија

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и претседателот на Советот на Општина Гевгелија Тодор Ристов, во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, денеска  го посетија дневниот центар за деца со посебни потреби “Мајка Тереза“ во Гевгелија. Притоа, на штитениците во оваа установа им ги честитаа претстојните празници и им посакаа добро здравје и уште поуспешни активности во новата година.
Имено, по барање на дневниот центар „Мајка Тереза“, Советот на општина Гевгелија на утрешната седница се очекува за потребите на центарот „Мајка Тереза“, општинскиот објект кај поранешната касарна да го отстапи на времено користење на центарот. Со тоа ќе се создадат услови за реализација на проектот за уредување на нови простории и услови за активноста на центарот. Во прв ред, проширување на дејноста и прифаќање на се поголемиот број деца со посебни потреби за посета на центарот „Мајка Тереза“. Но, и обезбедување на услови за изведување на работните активности во кои се вклучени сите деца.
По повод претстојните празници, учениците од ООМУ „Васо Карајанов“ во дневниот центар „Мајка Тереза“ одржаа пригоден новогодишен концерт. Градоначалникот на Општина Гевгелија и претседателот на Советот на општината на штитениците им подари овошје. Првите луѓе на општина Гевгелија денес го посетија и Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гевгелија.

 На штитениците на овој центар им беа подарени новогодишни пакетчиња. Дневниот центар за деца со посебни потреби и додели Благодарница на општина Гевгелија за голем придонес во реализацијата на активностите на Дневниот центар.
Градоначалникот Поцков, по традиција, новогодишни пакетчиња им додели и на сите деца на социјално загрозените семејства во општина Гевгелија информираат од општината.

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин

Avatar

Published

на

На 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Прочитај повеќе