Connect with us

Македонија

Царовска: 44.940 работници добија поголема плата со мерката субвенционирање на придонеси

Виолета | Media Press

Објавено

N

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров денеска на прес-конференција ги соопштија првите резултати од спроведувањето на мерката за субвенционирање на придонеси за раст на плати. Министерката Царовска изјави дека резултатите се одлични и дека субвенционирањето само за еден месец е искористено за зголемување на платите на 44.940 вработени од приватниот сектор.

„Согласно Законот за субвенционирање на придонес , со кој работодавачите се ослободени од плаќање на придонес за делот на покачена плата од 600 до 6.000 денари и наместо нив ги уплаќа државата, за месец ноември покачена плата земаа 44.940 работници. Просечното покачување изнесува 4.100 денари во нето износ“, рече министерката Царовска. Министерката истакна дека вкупниот број на вработени во приватниот сектор во државата е околу 490.000 врботени, што значи дека во првиот месец од имплементација на законот 9% добиле зголемување на плата,  рече Царовска.

Директорката на УЈП Лукаревска истакна дека Управата и Министерството за труд и социјална политика водеа сметка работодавачите на наједноставен начин да можат да го искористат ова право, при што законските одредби и софтверското решение овозможуваат користење на субвенционирањето со самото поднесување на МПИН пресметката до Управата за јавни приходи.

„ Со внесување на шифрата, Управата за јавни приходи за конкретното лице за кое се бара субвенционирање, како и за работодавачот, ја проверува исполнетоста на законските услови и во Декларацијата за прием дава известување до работодавачот“, рече Лукаревска.

Директорката на УЈП истакна дека на интернет страницата на УЈП објавено е соопштение за јавноста со детали за начинот на спроведување на мерката, за сите работодавачи кои се заинтересирани да го користат ова право. 

„Би сакала да потсетам дека земени се предвид и исплатите на минималната плата, за коишто придонесите се плаќаат до најниската основица за пресметка на придонеси. На пример, при зголемување на плата од 12.500 денари на 14.500 денари, иако се пресметуваат и плаќаат исти придонеси, сепак предвидено е субвенционирање на придонесите на работодавачите, пресметани на разликата на зголемувањето на платата“, рече Лукаревска.

Ангел Димитров од ОРМ ги повика работодавачите коишто ги исполнуваат условите да ја искористат оваа мерка којашто е предвидена да се спроведува во следните три години, информираат од Министерство за труд и социјална политика .

Македонија

Превентивни мерки против корона вирусот и на аеродромот во Скопје

Виолета | Media Press

Објавено

N

Од денеска превентивни мерки против корона вирусот кој предизвика глобална загриженост, ќе се спроведуваат на Меѓународниот аеродром Скопје. Со термална камера ќе се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус. На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед на сомнителните патници.

Надлежните тврдат дека простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но Комисијата за заразни болести, сепак,  заклучила по препораките од Светската здравствена организација за ширењето на вирусот, кој има епицентар во Вухан, да бидат преземат превентивни мерки.

Здравствените работници појаснуваат дека станува збор за вирус со слични симптоми на грипот, може да помине со лесна, средна, но и со тешка форма, каде може да настапи и смрт. Засега нема вакцина против корона вирусот и затоа се препорачуваат мерки на превенција за заштита.

Прочитај повеќе

Македонија

Пендаровски учествуваше на Меѓународниот форум „Сеќавање на Холокаустот и борба против Антисемитизмот“

Виолета | Media Press

Објавено

N

Претседателот Стево Пендаровски вчера присуствуваше на форумот „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот“, којшто се одржа во Ерусалим, Израел.

Во известувањето од Прес Службата на претседателот се вели;

-На форумот, покрај претседателот и премиерот на Израел, Реувен Ривлин и Бенјамин Нетанјаху, се обратија и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, потпретседателот на САД Мајк Пенс, претседателите на Франција и на Германија, Емануел Макрон и Франк Валтер Штајнмаер, како и Неговото Височество, Принцот Чарлс. На конференцијата во Ерусалим зборуваа и Авнер Шалев, претседател на Јад Вашем, претседателот на советот на Јад Вашем, Рабинот Меир Лау и Моше Кантор, претседател на Фондацијата на Светскиот форум на Холокаустот.

Нагласувајќи дека ниту еден политичар или поединец повеќе не смее да дозволи да се случи ист или сличен настан како Холокаустот, говорниците и присутните им оддадоа почит на околу 6 милиони Евреи од целиот свет коишто беа убиени во Втората светска војна.

Положувајќи меморијален венец, претседателот Пендаровски им оддаде почит и на илјадниците убиени македонски Евреи кои беа депортирани во логорот на смртта во Треблинка, во Полска. Претседателот Пендаровски им оддаде почит и на сите останати жртви, коишто во периодот од 1941-ва до 1945-тата година биле немилосрдно измачувани, а потоа и убиени.

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц, во рамки на конференцијата во Ерусалим, двајца преживеани од Холокаустот го запалија меморијалниот факел.

Прочитај повеќе

Македонија

1.100 случаи со заболувања на грип, оваа недела

Виолета | Media Press

Објавено

N

Расте бројот на заболени од грип.  Институтот за јавно здравје информира дека во текот на оваа недела пријавени се 1.100 случаи со заболувања на грип, што е зголемување за 88,7% во споредба со минатата недела, кога беа регистрирани 583 случаи. Со тоа оваа сезона бројот на болни се искачи на 2.718 заразени, а споредено со истиот период лани тоа е двојно зголемување.

Како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Во лабораторијата за вируси на ИЈЗ, пристигнале 40 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 20 (50 отсто) биле позитивни за присуство на вирусот .

Најголем број случаи и тоа 689 лица се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15 до 64 години, додека засега најмалку се заболени децата на возраст до четири години. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица -218 заболени од грип.

Лекарите препорачуваат да се избегнуваат простории каде што има присуство на повеќе лица, да се носи топла облека, шал, капа, и ракавици, да се одржува лична хигиена и без потреба да не се излегува надвор, ова посебно се однесува за хронично болните и повозрасни лица.

Прочитај повеќе