Македонија
МТСП објави јавен повик-10,8 милиони евра на располагање на општините за подобрување и развој на социјални услуги
Published
4 години agoна
By
Media PressМинистерството за труд и социјална политика, ги повикува Општините коишто претходно на јавен повик изразија подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 април годинава до 16 часот, стои во известувањето од Министерството за труд и социјална политика.
Една од главните цели на Проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, за период на имплементација од 5 години.
Приоритетни социјални услуги коишто ќе бидат финасирани се: услугите во домот-лична асистенција и помош и нега во домот, како и услугите во заедницата-дневни услуги/дневни центри и поддржано живеење.
На Општините коишто ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на компанија ангажирана за таа цел во рамките Проектот, како и поддршка од страна на лицата ангажирани во рамките на проектната единица.Повеќе информации и формуларот за аплицирање ги има на следниот линк: http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-123javen-povik-do-opshtinite-i-opshtinite-vo-gradot-skopje-vo-republika-severna-makedonija-da-izraza.nspx .
Поврзани содржини
JАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш во областа на социјалната, детска и здравствена заштита во 2024
Јавен повик за распределба на средства од Буџетот на Општина Радовиш од областа на културата за 2024 година
JАВЕН ПОВИК за распределба на средства од буџетот на Општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи за 2024 година
Распишан нов јавен повик за набавка на педигриран добиток со поддршка до 10 милиони денари по корисник
Јавен повик за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства
ЈАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш
Македонија
ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ
Published
3 дена agoна
мај 17, 2024By
Media PressПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ.
Се прашуваат зошто бараме враќање на трошоците за превоз до и од работното место.
Пратениците наплатиле 1.124.915 евра за патни трошоци од август 2020 година до декември 2023 година, или во 2022 година за патни трошоци наплатиле 426.360 €, а во 2023 година 366.740 €.
Работниците трошат до 20 % од својата плата за да дојдат на своето работно место и да се вратат дома“, стои во реацијата на ССМ.
Македонија
Левица: 366 ИЛЈАДИ ЕВРА за патни торшоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар
Published
3 дена agoна
мај 17, 2024By
Media Press„Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“, соопштиваат од Левица од каде додаваат дека наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.
,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати”, изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.
„За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС“ велат од Левица.
Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.
Македонија
Во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“ на 23 мај во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини
Published
3 дена agoна
мај 17, 2024By
Media PressВо рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.
Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.
Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех, веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера, во улогата на „злобниот Скарпија“ ќе настапи гостинот од Романија, Лусијан Петреан,во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.