Connect with us

Гевгелија

Приведен гевгеличанец за упатување на закани кон вработените во Здравствениот дом

Виолета | Media Press

Објавено

N

На 18.12.2019 во Полициската станица Гевгелија бил приведен А.Т.(35) од Гевгелија, бидејќи според пријавеното, претходно скршил стакло од влезна врата на Јавна здравствена установа „Здравствен дом“ Гевгелија и упатувал закани кон вработените.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информира СВР Струмица.

прикажи повеќе
Реклама

Гевгелија

По 12 години вратена и проширена надлежноста на Основниот суд во Гевгелија

Виолета | Media Press

Објавено

N

На Основниот суд Гевгелија му се вратени надлежностите, односно овој суд од 1 јануари 2020 година повторно извршува надлежностите на Основни судови со проширена надлежност.

На 88 Седница Собранието на Република Македонија го донесе дополнетиот Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, според кој во член 8 е извршено следното дополнување: „Основните судови
во Гевгелија, Кавадарци и Кичево ќе ги вршат надлежностите на основни судови со проширена надлежност од 1 јануари 2020 година.“
Судот на општина Гевгелија е надлежен во повеќе области и тоа: во граѓански спорови во кои имотно-правното побарување е над 50.000 евра, во казнената област и тоа како во кривичната, така и во прекршочната постапка.

Во кривичната постапка, Судот со Јавното обвинителство е надлежно и за кривични дела за кои е запретена казна над 10 години. Во прекршочните постапки нема поголеми промени, но во нив може да се применуваат алтернативни мерки. Оваа институција е надлежна и за стопански спорови меѓу две правни лица што досега не беше случај.

Според градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, враќањето на надлежностите на Основниот суд во Гевгелија е за поздравување бидејќи значително ќе придонесе за олеснување на судските постапки, пред сè за граѓаните и правните лица од четирите опшитини: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран кои изминативе години мораа да се јавуваат на Суд во Велес.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Обезбедени услови за непречено движење на возилата до Времената депонија во Гевгелија

Виолета | Media Press

Објавено

N

Патот до Времената депонија кај Ново Конско во  Гевгелија, која веќе е  завршена, е тампониран со што се обезбедени услови за непречено движење на возилата на ЈПКД „Комуналец“ за транспортирање на отпадот до депонијата.

За реализација на проектот од страна на Меѓународната агенција за мигранти (ИОМ), беа донирани 140.000 евра, поради што градоначалникот Поцков изрази благодарност до донаторот.

Времената депонија со електрична струја ќе се напојува преку фотоволтаични панели. Поради тоа, општина Гевгелија распиша јавен повик за изработка на проект и избор на изведувач на фотоволтаични панели и постапката за избор на најповолната понуда е во тек. Паралелно ЈПКД„Комуналец“ веќе работи на инсталирањето на водоводната линија за депонијата. Овие активности треба да бидат завршени до крајот на февруари годинава бидејќи веднаш потоа започнува дислокацијата на старата депонија и нејзина ревитализација, нагласи Поцков.

За таа цел веќе е изработен проект и обезбедени 420.000 евра од преостанатите средства на грчкиот грант кои беа наменети за Пречистителната станица. По дислокацијата на старата депонија кај Сува Река, согласно изготвениот елаборат за рехабилитација на просторот, ќе биде изграден заштитен ѕид на Сува Река, се предвидува целосно расчистување на депонијата, покривање на комуналниот отпад и уредување на зелена површина. Според градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, се очекува ревитализацијата на старата депонија да започне во март месец годинава

Прочитај повеќе

Гевгелија

Дводневна меѓународна конференција за користење на новите мерки на ИПАРД програмата

Виолета | Media Press

Објавено

N

Во Гевгелија денеска започна со работа дводневната меѓународна конференција за поддршка и подготовка на националната и локалната администрација, како и Локалните акциони групи за користење на новите мерки на ИПАРД програмата. На настанот присуствуваат претставници на Европската комисија, на националното тело за управување со ИПАРД програмата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ИПАРД агенциите, канцеларијата за поддршка на НАО, локалните јавни власти, членовите на постојните ЛАГ и други здруженија.


Работилницата ја отвори раководителот на управниот орган за управување со ИПАРД програмата при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Живко Брајковски, кој нагласи дека ресорното министерство и Владата имаат големи очекувања од оваа работилница. Бидејќи во Македонија веќе неколку години се спроведува мерката Техничка помош во рамките на ИПАРД, но малку средства беа апсорбирани според оваа мерка. Особено, сега кога претстои воведување на новата ИПАРД мерка LEADER.

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на отворањето на работилницата изрази благодарност што истат се одржува токму во Гевгелија.
За нас како општина една ваква работилница е посебно значајна, и покрај искуствата и проектите реализирани преку ИПАРД програмата, другите европски фондови, како и формирањето на Локалната акциона група Бојмија од страна на трите општини во овој регион – Гевгелија, Богданци и Дојран.  Пред се, за оспособување на локалната администрација за поголема искористеност на европските програми, посебно Програмата на ЕУ за рурален развој, рече Поцков.

Експерти од Полска, Хрватска, Турција, Словенија во рамките на конференцијата ќе ги изнесат искуствата за спроведувањето на LEADER мерката во рамките на ИПАРД програмата, обезбедување информации за подобни активности, расходи, содржина на Локалните стратегии за развој. Притоа, беше нагласено дека работилницата ќе понуди можности за соработка за ЛАГ од Северна Македонија со ЛАГ на ЕУ што може да се финансира од Програмите на ЕУ за рурален развој.

Прочитај повеќе