Радовиш
Голем интерес за присуство на хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“
Објавено на
Од
Media PressХуманитарното здружение Верица од Радовиш по втор пат го органзира хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“ по повод 3-ти Декември, Денот на лицата со попреченост. Целта на овој настан е да се соберат финасиски средства од продажба на традиционални радовишки специјалитети по пат на лицитација, и истите потоа да бидат донирани на Дневниот центар Порака, за постоперативно лекување на Андреј Даов и за социјално загорзено семејство од подареш. Голем беше интересот за прируство на настанот и беа пристутни околу 250 жени од Општина Радовиш.
Жените ја покажаа својата хуманост и несебично наддаваа при купување на некој специјалит кој ги имаше околу стотина, дел донирани и од жените присутни на настаноти и вкупно беа собрани околу 27 илјади денари.
Исто така беше органзирана и креативна работилница на која неколку дечиња изработуваа Новогодишни честитки и други украси, кои потоа беа дадени на продажба а средствата беа донирани.
И средствата собрани од органзираната лотарија беа наменети за истата хуманитарна цел. Жените истовремено беа хумани, донираа, и се забавуваа поминувајќи една прекрасна вечер.
Свој настап на „Радовишка етно софра“ имаа и најмладите членови на и ФА „Бучим“ од Радовиш, кои се претставија со неколку ора.
Поврзани содржини

Наскоро ќе се одржи Хуманитарниот настан РАДОВИШКА ЕТНО СОФРА во организација на ХЗ „Верица“ од Радовиш

По петти пат се одржа хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“

Практични и наменски новогодишни подароци за корисниците од Порака од собраните средства на ,,Радовишка етно софра,,

По четврти пат РАДОВИШКА ЕТНО СОФРА во организација на хуманитарно здружение „Верица“ од Радовиш

Златен медал за хуманитарното здружение Верица од Радовиш на ГастриМак -2019, за традиционална РАДОВИШКА софра
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

