Радовиш
Награда за најдобра Алпинистичка наврска доделена на 21-ви Меморијален собир во чест на 4 алпинисти кои загинаа на Солунска Глава
Објавено на
Од
Media Press
2 -ца членови на Алпинистички клуб Плоча од Радовиш и годинава беа дел од Меморијалниот собир на Солунска глава на кој учествуваа околу 70 планиари од целата држава, посветен на 4 алпинисти кои загинаа на Солунска Глава пред 22 години.
Овој меморијал се одржува по 21 пат посветен на трагичното загинување на четворицата алпинисти од Скопје кои беа затрупани од лавина во месноста Горна Бабина Дупка, во 1998 година.
АК Плоча со двајца свои членови зема учество на овој собир каде главна цел беше посета на местото каде што загинале алпинистите и искачување на врвот Солунска глава, поточно продолжување на нивната тогашна крајна цел која не ја достигнале.
-Временските услови на планината во почетокот беа со облаци покасно заврна дожд и како се движевме се повисоко во планината дождот поминуваше во снег, за на врвот да стане и урагантен силен ветер со ниски температури. Само најупорните и најспремните го достигнаа врвот Солунска Глава поради екстремните услови кои владееа на планината, вели Зоран Мајсторски кој беше дел од овој меморијален собир.
По завршувањето на планинарската акција во Планинарскиот дом следувало презентација на филмот за загинатите, како и доделување на награди на најдобри алпинисти зa 2019 година каде што наврската помеѓу Зоран Мајсторски и Надир Мурсели беше прогласена за најдобра во Македонија.
Солунска глава е на 2540 метри надморска височина.
Поврзани содржини

Признание Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа, доби градоначалникот Костадинов

31 – годишно постоење, безброј емисии, прилози и интервјуа, шестоноемвриско признание на РТВ Кобра од Општина Радовиш

Радовишки алпинист го искачи највисокиот планински врв во Австрија Großglockner

АК Плоча го организира 6-то ноемврискиот алпинистички собир, кој од годинава ќе го носи името Зоран Мајсторски

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите
Активно лето за алпинистите од АК Плоча од Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

