Радовиш
Пред 23 години борачите од БК „Бучим – Јака“ го запишаа Радовиш и Македонија на светската карта, како светски шампиони во борење
Објавено на
Од
Media PressТоа беше еден од најголемите успеси на македонското борење и македонскиот спорт. Екипата на БК„Бучим – Јака“ во 1995 година ја освои титулата Европски клупски шамион во борење слободен стил во Париз – Франција, за да една година потоа го освои првото место на Светскиот интернационален куп во борење, на кој учествуваа шампионите на Америка, Евопа и Азија, одржан од 08 до 10 ноември 1996 година во Радовиш.
По тој повод БК „Бучим“ од Радовиш со пригодна свеченосот, одбележа 24 години од освојувањето на Европската шампионска титула и 23 години од освојувањето на Светската шампионска титула на БК „Бучим -Јака“ во клубско борење слободен стил.
На свеченоста од името на клубот, беше изразена голема благодарност за својот личен и колективен придонес во освојувањето на шампионските титули на професор д-р Ванчо Чифлиганец, тогашен повоќегодишен претседател на Сојузот на боречките спортови на Македонија, на органзиациониот одбор од 1989 до 1999година, и директор на Рудникот Бучим, голем стратег и визионер Бучим- Јака да го направи Светски шампион.
Професор д-р Ванчо Чифлиганец во оваа пригода се заблагодари на сите борачи, спортски соработници и подржувачи на борењето, кои допринеле БК Бучим-Јака, да стане европски и светски шампион. Во профолежение н свеченоста, беа доделни благодарници на најуспешните и на сите оние кои го заслужија успехот на БК Бучим од Радовиш. Присутните ги поздрави и претседателот на БК Бучим од Радовиш Владо Лазаров.
Поврзани содржини

Радовиш – Град со шампионска боречка традиција која трае повеќе од половина век

На Европско првенство во Загреб ќе учествуваат тројца борачи од БК Бучим, Радовиш

Илија Атанасов од БК „Бучим“ од Радовиш со дебитантски настап на Европското првенство во Софија

Радовишанецот Александар и годинава шампион на Македонија во бодибилдинг
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



