Радовиш
Хуманитарен музички хепенинг во селото Смиљанци во организација на ФА „Китка“ од Ораовица
Published
4 години agoна
By
Media PressФА „Китка“ од Ораовица го органзира својот хуманитарен музички хепенинг во селото Смиљанци сместено во планината Плачковица.
Присутните граѓани кои го посетија местото не можеа да ододлеат на музиката која се ширеше во плананскиот воздух па заиграа заеднос со играорците. Инако ФА „Китка“ од Ораовица го организира овој настан со цел одбележување на јубилејни 40 години од формирањето на фолклорниот ансамбал. Како и граѓаните да донираат за изградба на црквата во Смиљанци, но и да уживаат во прекрасната неодолива планинска природа на ова речиси напуштено село, но сеуште незаборавено и често посетувано од љубителите на планинската природа .
До него води и новизградениот асфалтен пат кој го изгради Општина Радовиш со цел да се олесни пристапот до Смиљанци.
Поврзани содржини
Одбележани 10 ГОДИНИ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО на манастирскиот храм “Свети Ѓеоргиј” во Ораовица
Заеднички концерт на ФА Китка и децата од ДЦ Порака од Радовиш, во носии донација од Николајчо Николов
Музички хепенинг на ФА Китка од Ораовица во планинското село Смиљанци
При крај се градежните работи на локалниот пат Подареш-Смиљанци
Радовиш
Ликовна изложба „Соочување“ на Томе Даневски во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје
Published
6 дена agoна
март 23, 2024By
Media PressВчера со почеток во 20.00 ч. во Националната галеријата „Мала Станица“ во Скопје беше отворена самостојна изложба „Соочување“, на ликовниот уметник од Радовиш Томе Даневски, на која беа изложени преку 30-тина дела од истоименатa едиција.
Посетителите ги очекуваше богатство од разиграна колористика со длабоко експресивна тематика, која Ви нуди можност да бидете сведоци на соочувањето на универзалната и теолошката енергија. На изложбата беа присутни и голем број радовишани, роднини и пријатели на Даневски, како и љубители и поддржувачи на уметноста.
Изложбата ќе биде отворена до 25 март.
Радовиш
Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком
Published
2 недели agoна
март 14, 2024By
Media PressПо повод неделата на глаукомот, ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, денеска организира бесплатен преглед на очен притисок, во очната амбуланта во Радовиш а утре во просториите на Здравниот Дом – Конче, со почеток од 09:00 до 13:30 часот.
Доктор Весна Пешева Јанковски апелира до граѓаните барем еднаш годишно да направат офталмолошки преглед, со цел навреме да се открие глаукомот. Итересот за прегледи беше голем, само за час и половина беа прегледани 60 граѓани.
Денеска се вршеа прегледи со безконтактен апарат, кој за жал беше позајмен од приватна болница, бидејќи очната амбуланта го нема и мерењето на очен притисок се прави по една посложена процедура со ставање капки за анестезија и со контактен апарт со окото.
Оваа активност Црвен крст – Радовиш, ја организира во рамките на ЦКА – ПХВ програмата, а со цел да се подигне свеста да се прават превентивни прегледи на очен притисок после 40-тата година, како и да се покрене иницијатива за набавка на овој навидум мал но многу вреден апарат.
Инаку на денешните прегледи очен притисок беше измерен кај 125 луѓе. Кај 24 луѓе беше детектиран покачен очен притисок, со понатамошен совет да се направи комплетен офталмолошки преглед со цел поставување на точна дијагноза.
Радовиш
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Published
2 недели agoна
март 13, 2024By
Media PressВчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.