Општината во соработка и
партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион деновиве започна со
реконструкција на патот што води кон брана Турија. При овој зафат реконструирани ќе бидат 800
метри почнувајќи од крстосницата пред с. Добрашинци. Вкупната ширина ќе биде
5,5 метри.
Обилолка на градежните активности
на терен изврши и градоначалникот на
општина Василево, Марјан Јанев кој информираше дека овој проект бил избран како приоритетен од страна
на Советот за развој на Југоисточниот плански регион минатата година и за
истиот, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
поднесе Барање за користење на средства до Агенцијата за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој од мерка за Зачувување и
унапредување на традиционалните вредности во руралните средини.
„Реализацијата на овој проект е
собено важна бидејќи овој пат води кон браната Турија од која со вода за пиење
се снабдува дел од населението на општина Василево и градот Струмица,
а истовремено Брана Турија е и еден од најзначајните туристички локалитети на
територија на нашата општина“, изјави градоначалникот на општина Василево
Марјан Јанев.
Вкупниот буџет на проектот е
околу 190 000 евра или 11 664 618 денари од кои 9 885 270 денари,
обезбедени од страна на Центарот за развој на ЈИПР преку Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година,
од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и 1
779 348 денари од Буџетот на општина Василево.
Согласно планираната динамика и
Договорот со изведувачот, активностите на терен треба да завршат во првите
месеци од наредната година, информираат од општината.