Categories: Радовиш

Здружението на дијабетичари на Општините Радовиш и Конче ќе спроведе акција за мерење на нивото на гликемијата

По повод Светскиот ден на дијабетесот, кој се одбележува секоја година на 14 ноември, Здружението на дијабетичари на општините  Радовиш и Конче почна со планираните активности.
На ден 25.10.2019 година во соработка со Црвениот крст на Македонија Општинска организација Радовиш, здружението започнува со акција за мерење на нивото на гликемијата од Општина Конче. Акцијата ке се одржи во просториите на Општина Конче и тоа со почеток од 13 часот. од Здружението на дијабетичари Ги повикуваат сите жители на Конче да дојдат и да им се изврши мерење на гликемијата.

Дијабетесот го засега секое семејство. Затоа од суштинско значење е превенцијата, раното откривање и оптималното менаџирање на ова заболување.

Инаку според последните податоци  на Меѓународната Федерација за дијабетес повеќе од 425 милиони луѓе живеат со дијабетес. Повеќето од овие случаи се дијагностицирани со дијабетес тип 2, кој може да се превенира преку рутинска физичка активност, здрав и балансиран начин на исхрана и промоција на здрава животна средина. И токму затоа, семејството има суштинска улога во надминувањето на овие превентивни ризик фактори за развој на дијабетес тип 2.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago