Connect with us

Струмица

Во тек е реконструкцијата на патот до брана Турија во Општина Василево

Avatar

Published

на

Општината во соработка и партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион деновиве започна со реконструкција на патот што води кон брана Турија. При овој зафат реконструирани ќе бидат 800 метри почнувајќи од крстосницата пред с. Добрашинци. Вкупната ширина ќе биде 5,5 метри.

Обилолка на градежните активности на терен изврши и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој информираше дека овој проект бил избран како приоритетен од страна на Советот за развој на Југоисточниот плански регион минатата година и за истиот, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион поднесе Барање за користење на средства до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од мерка  за  Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини.

„Реализацијата на овој проект е собено важна бидејќи овој пат води кон браната Турија од која со вода за пиење се снабдува дел од населението на општина Василево и градот Струмица, а истовремено Брана Турија е и еден од најзначајните туристички локалитети на територија на нашата општина“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Вкупниот буџет на проектот е околу 190 000 евра или 11 664 618 денари од кои 9 885 270 денари, обезбедени од страна на Центарот за развој на ЈИПР преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и 1 779 348 денари од Буџетот на општина Василево.

Согласно планираната динамика и Договорот со изведувачот, активностите на терен треба да завршат во првите месеци од наредната година, информираат од општината.

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе