Connect with us

Струмица

Во недела ќе се одржи манивестацијата „Ден на празот“ во Градашорци

Avatar

Published

на

 Традиционалната манифестацијата ” ДЕН НА ПРАЗОТ ” која се одржува секоја година во општина Василево, годинава ќе  се одржи на 03 Ноември во недела со почеток во 11 часот во дворот на црквата св.Никола во с.Градошорци.

Општина Василево како главен покровител и организатор 12-та година по ред успешно го промовира празот како исклучително здрава храна, а Градашорци и околината како место во кое се одгледува најквалитетниот праз во државата и пошироко.

Целта на самата манифестација покрај промоцијата на празот, е да се соберат производителите, преработувачите и откупувачите, на едно место, но и да се упати порака дека истиот се произведува во еколошки чиста и здрава средина и претставува здрава храна.

Заштитен знак на самата манифестација се многубројните специјалитети од праз специјално подготвени за дегустација. Големиот број гости кои секоја година се дел од настанот, уживаат во вкусот на бројните специјалитети и содржините на културно, забавната програма.

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе