Categories: Гевгелија

Детското катче во центарот на Гевгелија е проширено, обновено и збогатено со нови играчки

Едно од најпосетуваните места од страна на најмладите, доби зелена подлога, но и нови играчки. На тој начин детското катче претставува урбан простор кој ги обезбедува сите услови за рекреација на најмладите информира Општина Гевгелија.


Инаку, во рамките на акцијата за обновување и уредување на нови детски игралишта на територијата на цела општина, во Давидово детското игралиште е подновено со нови играчки, додека пак во Милетково освен обновата на постојното катче за забава на децата, во дворот на самото училиште се поставени нови лулашки, клацкалки и вртелешки. Претходно беше збогатен и доопремен детскиот парк во Миравци. Исто така, уредено е детско катче и во училишниот двор во Смоквица информираат од општината.
Одтаму додаваат дека во  акцијата се вклучени и  општинските основни училишта во населените места, дел од опремата е подготвена и инсталирана во ЈПКД„Комуналец“, а истовремено општина Гевгелија распиша посебен тендер и избра најповолен изведувач за поставување на урбана опрема во детските игралишта.


Паралелно со уредувањето на урбаната опрема во детското катче, крај шеталиштето во Гевгелија, ЈПКД„Комуналец“ започна со реконструкцијата и профункционирањето на фонтаната на шеталиштето, пред хотел „Аполонија“, велат од општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago