Categories: Валандово

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, при посетата на Валандово, ја посети Детската градинка “Калинка”

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, заедно со градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов ја посетија Детската градинка “Калинка” и направија увид во реализацијата на проектот за реконструкција на истата, во енергетско ефикасен објект.

Овој проект финансиски е поддржан од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка, со Р. Грција. Со оваа поддршка најмалите во Валандово добиваат целосно реконструиран објект и современи услови за следење на нивниот воспитно образовен процес.

Во рамки на посетата на општината, амбасадорот Самуел Жбогар го посети и манастирот Св. Ѓорѓи каде имаше можност да се запознае со вредноста на овој духовен објект и да се информира за неговото историско значење за граѓаните.

-Општина Валандово, редовно ги користи фондовите на ЕУ и благодарејки на овие средства реализира повеќе проекти во општината, вели градоначалникот Перо Костадинов.  ЕУ отвара перспективи за  општината  и креира нови можности за граѓаните. Општина Валандово е целосно отворена за соработка и е подготвена да ја искористи секоја можност, која значи напредок и развој, додава Костадинов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago